Говор на претседателот на СДУ на митинг во Ѓорче Петров
Добар ден
Почитувани дами и господа,
На Република Македонија најмалку од се и е потребна политичка турбуленција и нестабилност. СДУ како сериозна политичка партија, која до сега не била дел од ниедна коалиција и не зазела никаква страна, сега излезот го гледа во окрупнување на сите слободно мислечки граѓани, невладини здруженија, синдикати и политички партии околу, во ово јмомент единствениот стратешки интерес на Македонија. Зачувување и одбрана на македонскиот идентитет.
СДУ согледувајќи ја досегашната работа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ по овие стратешки прашања и цврста заштита на националните и државни интереси, незанемарувајќи ги и останатите позитивни резултати како раздвижувањето на економијата, земјоделството, здравството, социјалната политика, привлекување на странски инвеститори, отворање на работни места, донесе одлука да ја поддржи владејачката партија во намерата да освои стабилно мнозинство во парламентот се со цел за поефикасно справување со предизвиците кои и претстојат на Македонија.
Трите столба на кои се темели работата на СДУ се составен дел од новата програма со која ВМРО-ДПМНЕ ја бара довербата на претстојните избори. Тоа се Безбедност, Развој и Демократија.
Социјалдемократската Унија се приклучи на Коалицијата за подобра Македонија затоа што ја воочи разликата, а тоа е голема разлика.
Додека едните градат и се со народот, опозицијата измислува разни интриги.
Додека Коалицијата за подобра Македонија се бори за македонштината, другите размислуваат како да дојдат до удобните фотељи.
Додека Владата на премиерот Никола Груевски ги зголемува пензиите, дели субвенции, гради патишта, болници, училишта, гради спортски објекти, опозицијата вели дека не е време.
Се направи арената Филип Втори и наместо сите да се гордееме, тие твреа дека ќе падне.
Се изгради Спортскиот центар Борис Трајковски кој требаше да биде изграден многу порано, но во тоа успеа Владата на премиерот Никола Груевски.
Сега би сакал да истакнам некои работи како спортист, Претседател на најтрофејниот спорт во Македонија – борењето и како спортист би направил спортска споредба.
Додека еднитe сакаат да се натпреваруваат и да станат државни прваци, Коалицијата за подобра Македонија се бори да земе Олимпијски медал – е тоа е голема разлика.
Или додека едните сакаат да одат на Олимписки игри со ваилд карта и само да учествуваат, Коалицијата за подобра Македонија се бори за Олимписки медал.
Помина времето кога се ценеше учеството на Олимписките игри. Сега се важни медалите што оваа Влада на премиерот Никола Груевски ги носи – па нели е ова разлика почитувани граѓани?
Минатата година на почетокот на јуни се оддржа Европско првенство во борење во Скопје во салата Борис Трајковски.
Покровител на првенството беше сегашниот и идниот претседател на Република Македонија господинот Ѓорѓе Иванов, кој воедно го отвори првенството и се дружеше со нас.
Тогаш се уверивме во неговите квалитети.
Тој плени со својата добрина, со својата одлучност, со својата искреност и разбирањето во секој сегмент во животот.
Е токму таков човек ни треба да ја води нашата држава и да ни обезбеди подобра иднина.
Почитувани, оваа Коалиција за подобра Македонија на чело со премиерот Никола Груевски знае што сакаат и знае кои се приоритетите на народот.
Затоа почитувани граѓани на Република Македонија ве повикувам на 27 – ми април масовно и непоколебливо да изелезете и да гласате за Коалицијата за подобра Македонија предводена од сегашниот и идниот премиер Никола Груевски.
Да сте ми живи и здрави!
Да живее Република Македонија!