Печати

Честитка на СДУ по повод националниот празник 2 Август – Илинден

Социјалдемократската Унија на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот празник Илинден.

Македонија денес ги празнува двата Илиндени, се сеќава на илјадниците паднати херои за слобода, го чествува темелот на кој ја градиме нашата заедничка татковина.

Илинден е најсветлиот датум во македонската историја бидејќи е синоним за македонската борба за слобода и македонската државност. Двата Илиндени, во 1903 година и 1944 година беа темелници на современата слободна македонска држава.

Секој поединец  и секоја генерација ја има историската обврска да ја продолжи таа вечна битка за чување и градење на својата татковина како просперитетна, стабилна, суверена  држава.

По тој повод делегацијата на СДУ, предводена од претседателот на СДУ Чедо Николовски и потпретседателот на СДУ Игор Димески, положија цвеќе пред споменикот на Ченто во центарот на Скопје.