Печати

На 18 мај голем народен митинг за поддршка на Македонија

Социјалдемократската Унија ги повикува своите членови и симпатизери, а вооедно ги повикува и сите граѓани на Република Македонија, мирно и достоинствено, да излезат во понеделник во 20 часот и да дадат поддршка на силна и стабилна Македонија.

Во овие историски моменти, сите без разлика на политичка, етничка, верска или национална припадност, да се обединиме и да дадеме поддршка на стабилна Македонија

Митингот ќе се оддржи на 18 мај, понеделник во Скопје. Овој митинг ќе биде мирен, достоинствен и плод на разумот на секој наш граѓанин.

Скопје 16.05.2015 година

Со почит
Социјалдемократска Унија