Печати

СООПШТЕНИЕ

Социјалдемократската Унија изразува искрено и длабоко сочувство до семејствата на припадниците на полициските сили кои вчера и денес ги загубија животите. Сочуствуваме со болката и страдањата за изгубените млади животи кои згаснаа во интерес на стабилноста и безбедноста на животите на граѓаните на Република Македонија.

Безбедносните сили на најпрофесионален можен начин ја спроведоа најтешката акција. СДУ безрезрезервно ги подржува во напорите да се справат со настанатата безбедносна ситуација, тие се вистинските борци за слобода.
Исто така, СДУ ги подржува и институциите на државата при справувањето и  регулирање на ситуацијата во интерес на Република Македонија.

СДУ како мултиетничка политичка партија го осудува овој настан но исто така им порачува на сите други останати политички партии да им дадат целосна поддршка на безбедностите сили во справувањето и расчистувањето на целиот случај со цел зачувување на уставниот поредок на државата и да покажат државнички однос во овој момент, да прекинат со организирање на секаков вид на протести со што би се спречиле дополнителни несакани инциденти и да бидат воздржани и претпазливи при давање на изјави или соопштенија.

СДУ предлага, сите политички партии да се обединат и да бидат единствени во периодот што следи.


Скопје 10.05.2015 година

Со почит
Социјалдемократска Унија