Печати

СООПШТЕНИЕ

Социјалдемократската Унија испровоцирана од вчерашниот натписот на електорнскиот медиум ЛИБЕРТАС под наслов “Членови на навивачки групи и симпатизери на власта помеѓу провокаторите на протестите” ја известува македонската јавноста дека споменатите лица во горенаведениот текст не се и никогаш не биле дел од СДУ. За разлика од други подмладоци, подмладокот на СДУ е културна и високо идеолошки поткована младина, која во никој случај не поддржува насилство и хулиганство.

Исто така, Социјалдемократската Унија го демантира наведеното кое се односува на коалицирањето, информира и потсетува дека СДУ од своето формирање настапува самостално на сите избори од 2008 година заклучно со локалните избори 2013 година. Прв пат влезе во коалиција последниве парламентарни избори и тоа единствено од високо државнички причини, занемаруваќи ги идеолошките разлики, кои до ден денеска постојат и ќе постојат.

Воедно, Социјалдемократската Унија побарува извинување од страна на одговорните уредници на електорнскиот медиум ЛИБЕРТАС за искажаните невистини во нивните натписи.

Скопје 08.05.2015 година

Со почит

Социјалдемократската Унија