Печати

СДУ упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски

Социјалдемократската Унија упатува искрени честитки до сите граѓани - православни верници по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски.

Празникот посветен на Свети Климент Охридски е уважување на неговите дела кои се безвременски и се непроценлив дар за македонската национална и црковна историја. Ние сме горди што Св. Климент Охридски  токму на македонско тло го создаде кирилското писмо и ја продолжи благородната мисија на Светите браќа Кирил и Методиј во описменување и јакнењето на христијанството кај луѓето преку кое просветли многу народи.

Придонесот со основањето на Охридската архиепископија и Охридската книжевна школа  е цивилизациски симбол на една епоха во која се промовираат на најдобар начин вредностите на православието, христијанскиот дух и верата на луѓето.

Контакт инфо

Ул. 30 Бр. 45 Радишани - Бутел
1000 Скопје
Македонија 

Тел: 078 / 370 - 201
Email :
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.