Печати

Соопштение 28.04.2014

Социјалдемокрaтската Унија им ја честита победата на сите граѓани на Република Македонија за успешниот изборен ден. Се спроведоа фер и демократски претседателски и парламентарни избори.



Победи демократијата и слободата, победи одговорноста и храброста на македонскиот народ.

Социјалдемокрaтската Унија како политичка партија во Коалицијата За Подобра Македониаја го даде својот допринос во реализација на целокупниот изборен процес и со гордост може да се истакне дека ја зазедовме правата политичка сила која со овие избори се докажа дека е масовно поддржана од народот.

Честитки за изборот до Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, до Премиерот Никола Груевски како и до сите новоизбрани пратеници.