Печати

СДУ со Коалицијата „За подобра Македонија“ во Крушево и Прилеп

Коалицијата „За подобра Македонија“ вчера беше во Кривогаштани, Крушево и Прилеп. Комплетното Раководство на СДУ беше присутно на средбите со граѓани во околните места во горенаведените општини, а исто така и присуствување на Митинзите организирани во исите каде говорниците бараа масовност и поддршка во вториот изборен круг.

Никола Груевски истакна за бројни проекти поврзани со градот Прилеп кои се содржи во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата составена од 2046 проекти.

Предвидена е градба на експресен пат со четири ленти од Градско, преку Росоман до Прилеп. Да се олесни патувањето на луѓето од Прилеп во овој дел, да се направи побезбедно, за да можат луѓето да патуваат и побрзо, но и побезбедно. Реконструкција на патните правци од населеното место Беровци до Галичани и од населеното место Клепач до Ерековци.

Реализацијата од втората фаза од целосната реконструкција на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп со проширување на коловозот, осветлување, средување на пешачките патеки и хортикултурно уредување. Реконструкција на регионалниот патен правец Лажани-Рапотово-Црнилиште во должина од 17 километри кој се наоѓа на територијата на Општина Долнени, реконструкција и на регионалниот патен правец Кривогаштани-Обрешани-Воѓани во должина од околу 10 километри кој е многу значаен за општина Кривогаштани - посочи Груевски.

-Исто така ветуваме реконструкција и рехабилитација на железничката станица во Прилеп, ветуваме и изградба на дел од фекална канализација во населеното место Горно Коњари и дел од фекалната канализација  во населеното место Канатларци. Предвидуваме изградба на фекална канализација во Мало Коњари, ветуваме изградба на 75 станови во Прилеп наменети за приматели на социјална помош и други социјални ранливи категории. За подобро наводнување на прилепското поле, предвидуваме изградба на микроакумулации „Манастирска“ и „Селце 1“ и „Селце 2“, мрежа за наводнување, како изградба на брана за акумулација Подмол. Предвидуваме изградба на училишна спортска сала во гимназијата „Кузман Јосифовски Питу“, изградба на четири училишни спортски сали во основните училишта „Добре Јованоски“, „Блаже Конески“, „Кочо Рацин“ и „Кире Гаврилоски-Јане“. Планираме обнова на опожарените конаци и изработка и реализација на проектите за црквата, трпезаријата на манастирот Трескавец во близина на Прилеп. Исто така оваа година ќе се работи и патот кон манастирот Зрзе. Предвидуваме реконструкција на источниот конак на манастирот „Архангел Михаил“ во Варош, рече Груевски.

Денес СДУ продоложува со масовност на средбите и митинзите во Виница и Берово.

Контакт инфо

Ул. 30 Бр. 45 Радишани - Бутел
1000 Скопје
Македонија 

Тел: 078 / 370 - 201
Email :
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.