Печати

СДУ со Коалицијата „За подобра Македонија“ на Митинг во Неготино и Кавадарци

Раководството на СДУ вчера присуствуваше на Митинг во Неготино и Кавадарци каде се преставија Претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов, носителот на листата Зоран Ставрески и кандидатите за пратеници од оваа изборна единица.

Никола Груевски истакна
Да бидам носител на листа, не е ништо ново за мене, зашто сум бил прв и кога бевме во опозиција и сега кога сме на власт, не се плашам и не се кријам, како што некој ме обвинува, туку напротив сакам да видам што мислат граѓаните за мене и дали веруваат во нашата партија.

Зоран Ставрески рече
Стоиме на зборот, ќе ги добивте субвенциите а јас исто така знам и премиерот знае дека лозарите исто така треба да ги добијат и парите за грозјето.

Ѓорѓе Иванов вети
Со ист интензитет и со многу нови работи ќе работам и во следните 5 години, да работиме посветено да работиме сложно,покажавме дека во овие изминати години дека сите институции во државата можат да соработуваат за доброто на граѓаните. Покажавме дека секој пат сме со граѓаните, како јас, така и премиерот и министрите, затоа знаеме она што ги тишти нашите граѓани, ги знаеме проблемите со кои се соочуваат.