ЈАВНА ОБЈАВА
Политичката партија Социјалдемократска Унија ја информира јавноста дека со коалицијата предводена од Социјaлдемократски сојуз на Македонија, односно, ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА Е СТАБИЛНА ОД КОГА БИЛО ПОВЕЌЕ.
Владиното мнозинство е стабилно и работи во интерес на граѓаните.Напредокот на земјата е нашата највисока заедничка цел.
Ова коалиција воведе системски реформи, спроведе вистинска и неселективна борба против криминалот, изврши департизација на државните институции, економски раст, создаде услови за отворање бизнис за младите и многу повеќе.
Оваа коалиција со европски вредности и стандарди е важна за граѓаните, особено на локално ниво каде се креираат локалните политики и истата ќе обезбеди подобра иднина на граѓаните, како и економски и социјален развој.
Политичката партија Социјалдемократска Унија е дел од стабилното владино мнозинство и делиме исти програми, визии и идеи. Северна Македонија продолжува напред со стабилна Влада по демократскии Европски пат.
Затоа веруваме во успех, затоа продолжуваме заедно за најдоброто за нашата општина. Најдоброто е Петре Шилегов за град Скопје и останатите градоначалници кои влегуваат во втор круг на избори на коалицијата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.
ДА НИ Е ВЕЧНА ДРЖАВАТА