Соопштение 15.06.2018
Социјалдемократската унија СДУ го поддржува Договорот за името помеѓу Република Македонија и Република Грција.
Лично цениме дека Република Македонија има направено премногу отстапки, но со овој Договор е обезбеден Македонскиот идентитет, јазик и државност и пред се добивање покана за влез во НАТО како и датум за преговори со Европската Унија.
Со оглед на овој повеќедецениски проблем сметаме дека преговарачите вложиле надчовечки напори, знаејќи ги тврдокорните ставoви на Република Грција. Го охрабруваме Парламентот да го ратификува, а Претседателот Иванов да го потпише Договорот.
Влијателните светски сили како САД, Брисел, Берлин па дури и Русија го поддржуваат овој Договор. Конечно Република Македонија треба да се оттргне од "стегите" за подобра иднина и просперитет на идните генерации.
Социјалдемократска унија.