Печати

Соопштение 08.08.2016

Социјалдемокрaтската Унија искажува сочувствува до семејствата на настраданите во вчерашните поплави кои ја зафатија Република Македонија и каде животот го загубија најмалку 21 лице, има голем број се повредени, а исто така причинета и огромна материјална штета.

Социјалдемокрaтската Унија ги повикува граѓаните на Република Македонија а исто така и граѓаните на земјите кои сакаат да дадат свој допринос а имаат можности за истото, да помогнат на семејствата кои претрпеа огромни последици.

 

Скопје 08.08.2016 година

Со почит
Социјалдемокрaтска Унија