Печати

Соопштение

Социјалдемократската Унија реагира на отсуството на политичките партии од Собранието на Република Македонија на годишното обраќање на претседателот Ѓорѓе Иванов. Сметаме дека секое непочитување на институциите на системот преставува непочитување кон државата.

 

Им порачуваме на сите политички партии да се однесуваат достоинствено во периодов кој следи од причина што секој поединец ја преставува оваа држава на свој начин.

Секој има право на говор како и претседателот на државата, секој има право на свое мислење, секој има право на свој став. Ние како политички партии сме тука да ги истакнеме нашите програми и ставови, но и да ги слушнеме од другите.


Социјалдемократската Унија се залага за почитување на законите, Уставот, но почитување пред се на институциите на системот.

Скопје 23.12.2015 година

Со почит

Социјалдемократска Унија

Контакт инфо

Ул. 30 Бр. 45 Радишани - Бутел
1000 Скопје
Македонија 

Тел: 078 / 370 - 201
Email :
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.