Печати

СООПШТЕНИЕ

Социјалдемократската Унија го поздравува добивањето на извештај со препорака а воедно и честита на Владата на Република Македонија во успешноста и спроведувањето на реформите за приближување на Република Македонија кон Европската Унија. Со овој извештај може да се констатира дека Македонија заслужува да ја задржи истата.

И порачуваме на Владата на Република Македонија да продолжат да се придржуваат со имплементација на политичкиот договор и клучните реформи од причини што Република Македонија има капацитет да го спроведе сето тоа.

Наведените негативности во препораката се резултат на политичката ситуација во изминатите неколку месеци кои ја креираа одредени политички партии се со цел да и се напакости на Владата а со тоа и на Република Македонија.
Доста е веќе од притисоци и лажни ветувања, дојде време кога македонскиот народ децидно и повторно ќе одлучи кој да ја води оваа држава. Македонија нема време за заложништво на личните интереси на поедини политички  партии, кои државата ја вовлекоа во длабока криза, поделби, неизвесност и несигурност.

Социјалдемократската Унија се залага за почитување на законите, Уставот, почитување на договореното за што Македонија ја доби препорака за почеток на преговорите со ЕУ.

Скопје 11.11.2015 година

Со почит
Социјалдемократска Унија