Позиционирана лево од центарот, СДУ во основата на своето политичко дејствување го има човекот - граѓанин, неговите потреби, желби надежи и очекувања. Основните човекови права, правната сигурност и социјалната стабилност се, исто така, темелни принципи во дејствувањето на СДУ.
СДУ ќе ги штити чесните и способните, сите што живеат од својот труд, поставувајќи си ја задачата да го ревитализира средниот грагански слој, традиционалната база на партиите со социјалдемократски предзнак.
СДУ ќе го реафирмира трудот, ќе гради општество на слободни грагани, еднакви луге, општество на социјална правда и сеопшт просперитет.
СДУ се залага за граѓанско, отворено и демократско општество и пазарна економија.
Слободата, еднаквоста, човековите права, солидарноста и демократијата се темелни принципи во политичкото дејствување на СДУ.


