Home СДУ Програма Одбранбена политика и безбедност

Одбранбена политика и безбедност

На планот на одбраната, Република Македонија ги постигна најзначајните реформи. Имаме професионална војска, која дава успешна контрибуција во воени мисии. Постигнати се сите стандарди, реформирана е одбраната според НАТО - барањата и исполнети се сите услови за зачленување на земјата во трансатланските структури.

СДУ, сепак и натаму, посебно внимание ќе посветува на исполнувањето на основните цели на политиката за безбедност, одбрана и заштита на граѓаните, општеството и државата. Нашата определба е програмата да кореспондира со правата и обврските кои произлегуваат од Уставот и законските решенија во областа на безбедноста, одбраната и заштитата, со очекувањата на најширокиот слојграѓанство, но и со почитувањето на меѓународното право и меѓународните договори и спогодби.

При тоа сме свесни дека денес, во условите на една нова воено-политичка средина, политиката за безбедност, одбрана и заштита поприма нови карактеристики и квалитетно нови вредности. Националните вредности и интереси се основните критериуми и највисок приоритет на СДУ при дефинирањето, практикувањето и опредметувањето на безбедноста, одбраната и заштитата на граѓаните, општеството и државата.

СДУ приоритети:

  • Изградба и заокружување на солвентен и неопходно компетентен безбедносно-одбранбен систем со потенцијал на земјата за успешно справување со воени и неконвенционални и асиметрични закани по суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија и за успешна заштита на населението;
  • Создавање поволни воено стратегиски и воено политички услови за гарантирање на националната безбедност;
  • Соработка, подготовка и присоединување кон меѓународните организации за безбедност и колективна одбрана и учество во нивната дејност;
  • Превенција и заштита на населението при природни катастрофи, индустриски хаварии, опасни контаминации и загадувања на животната средина.
 

Профили

webmail