Home СДУ Програма Полова еднаквост

Полова еднаквост

Во последните 50 години, положбата на жените во земјите-членки на Советот на Европа, претрпе големи промени. Овие промени се настанати како резултат на општествена акција и ускладени стратегии од страна на жените и мажите, кои сметаат дека рамнотежата меѓу половите во донесувањето на одлуки е основна за демократијата и иднината на државата.
Во моментов во Република Македонија повеќе де јуре, отколку де факто постојат еднакви права и можности за сите граѓани на нашата држава и во таа насока мораме сите заеднички да се потрудиме и да направиме едно стабилно функционално и кохезивно општество, односно мултиетничка средина за граѓани со еднакви права, еднакви можности и заштита, без разлика на половата, верската и националната припадност.

СДУ приоритети:

Промовирање на еднакви можности за вклучување на жените во политиката и структурите на одлучување;

  • Поинаква политичка и партиска култура во однос на женските права, потреби и вредности;
  • Активни женски позиции и создавање на родова слика во општеството, посебно внатре во политичката партија и власта;
  • Градење на специфични стратегии, што се однесуваат на политичкиот и јавниот живот и сите други професии за развивање на партнерство меѓи половите;
  • Право на самоопределување и изјаснување за националната припадност и вероисповест;
  • Развој на вредносниот систем и остварување на човековите права и слободи;
  • Борба против семејното насилство, трговијата со луѓе и проституција, како и сексуалната злоупотреба на работно место;
  • Зголемување на мајчинските права;
  • Бесплатни превентивни здравствени прегледи, едукации на жените за нивните права и бесплатни обуки и семинари за олеснување на вработувањето.

 

14.1. ЛГБ - ПОПУЛАЦИЈА

СДУ ќе соработува со невладиниот сектор што се занимава со ЛГБТ права за доближување на македонското законодавство со европските стандарди во оваа област. СДУ ќе ги подржува сите проекти што се против дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација.

Стратешките програмски основи на СДУ содржат одредби што се однесуваат на ЛГБТ популацијата, како и за останатите групи, кои на еден или друг начин, не беа доволно разбрани од општеството во изминатиот период. Исто така, со сериозно внимание се однесуваме и кон лицата и групите што имаат потреба од посебна заштита.

Програмата на СДУ не ги дефинирала, во сегашната верзија, правата на ЛГБТ личностите, во поглед на брак, или регистрирано партнерство. СДУ, принципиелно, е против секакво закинување на права.

СДУ го подржува секое образование, па според тоа и сексуалното, не само од аспект на правата на личностите, туку и од аспект на здравствената заштита и неопходната едукација, затоа сметаме дека средното образование е најадекватната форма.

На СДУ воопшто не и пречи да кандидира личност што се декларирала јавно во поглед на својот лезбејски, геј, бисексуален, или трансродов идентитет. Тоа за нас е основно човеково право и ние сме отворени кон сите луѓе, без никакви разлики и предрасуди. СДУ е отворена граѓанска партија за сите, подеднакво. Едно сонце не грее сите на земјината топка.

 

Профили

webmail