Home СДУ Програма Образование, наука и култура

Образование, наука и култура

12.1. ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

СДУ се залага за создавање материјални услови за непречено имплементирање на принципите и препораките произлезени од Болоњскиот процес во високото образование, како и за подобрување на студентскиот стандард, проширување на студентските капацитети и зголемување на студентските стипендии. За СДУ, за развојот на Република Македонија, образованието претставува приоритетна област, која ќе го олесни и забрза нејзиното економско заздравување, фундирање на демократијата и интеграција во меѓународната заедница. СДУ се залага за обезбедување образовна рамноправност на сите граѓани на Република Македонија.

СДУ приоритети:

  • Бесплатно основно образование и бесплатни учебници;
  • Запирање на хаосот во учебникарството со воведување на единствени задолжителни учебници на целата територија кои ќе се избираат на конкурс;
  • Максимално зголемување на опфатот на децата во предучилишното, основното и средното образование, како и еднаков пристап за сите кои сакаат да продолжат со високо образование;
  • Создавање подеднакви услови за успешно реализирање на воспитно-образовниот процес без разлика на местоположбата (развиени - неразвиени општини; урбани - рурални средини) и обезбедување соодветна инфраструктура;
  • Зголемување на траењето на задолжителното образование, што е општ тренд во светот и воведување на задолжително средно образование;
  • Финансиски бенефиции за деца од социјално загрозени семејства.

 

12.2 КУЛТУРА

Во своето политичко дејствување, СДУ основниот акцент на планот на културата ќе го насочи во правец на деполитизација и деметрополитизација на културата.

СДУ приоритети:

  • Децентрализација на културата со посебен акцент на културниот живот во општината од кого основано се очекува да биде побогат, поразновиден, подинамичен и поквалитетен;
  • Искористување на културата како ресор за развој на општината со што се надминуваат сфаќањата на културата како општествана потрошувачка. Признаена од УНЕСКО и од Советот на Европа таа добива нова димензија, како орудие на развој од што го подига квалитетот на животот;
  • Заштита на културното наследство и поттикнување на современото творештво со посебен акцент на културното творештво на младите;
  • Подобрување на менаџмент во културата - стратегија за згуснување на мрежата на културните установи и концентрација на финансиските средства со почитување на приоритетите. Обезбедување вонбуџетски извори на финансирање (меѓународни фондови за поддржување на културниот развој - УНЕСКО, Советот на Европа, странски и домашни компании кои создаваат светски бренд, меѓународни фондации што финансираат културни проекти).

 

12.3. СПОРТ

СДУ, основите на спортската стратегија ќе ги заснова на дефинираноста од страна на Европските министри одговорни за спорт, донесена на нивната прва конференција одржана во 1975 година под наслов “Европска Спортска Повелба за Сите”.

СДУ приоритети:

  • Застапеност на повеќе часови по физичка култура во образовниот процес;
  • Омасовување на спортот преку општински и републички училишни натпревари;
  • Учество во спортот на граѓаните со пречки во развојот и хендикепираните и нивна опфатенност во формите на масовниот спорт;
  • Развој на спортот врз доброволна основа и поддршка на волонтерски спортски организации;
  • Развој на меѓусебните релации помеѓу училиштата и локалните спортски клубови;
  • Развој на можностите за спортување на работното место.

Финансирањето се одвива преку фондовите на локално, регионално и централно ниво. Поддржуваме и секоја јавна или приватна финансиска помош со стимулирано со ослободување од давачки према државата.

 

Профили

webmail