11.1. ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ
Република Македонија, како земја кандидат за членство во Европската Унија, има намера и обврска да го следи европското искуство и регулатива во доменот на телекомуникациите. Тоа подразбира дека, Македонија треба да обезбеди регулативна рамка и комплетно да го либерализира пазарот на телекомуникации.
СДУ- приоритети:
- Развој на либерализиран пазар на телекомуникации;
- Телекомуникациите како основа за развој на производство во електронските, телекомуникациските и информатичките и други сродни индустрии;
- Развој на кадри во доменот на информатика и телекомуникации
- Воведување на современа Европска регулатива;
- Реформа на регулативните тела (Комисијата и Агенцијата за телекомуникации) во стручни, независни и компетентни регулативни тела;
- Стимулирање за влез на светски телекомуникациски брендови;
- Обезбедување поволности за развој на извозно ориентирано производство во домен на информатичката технологија.
- Kомплетна либерализација на фиксната телефонија, преку имплементација на Европските просечни цени за интерконекција и разврзана јамка;
- Eкипирање, деполитизирање и стручно оспособување на Агенцијата за телекомуникации;
11.2. ИНФОРМАТИКА
СДУ креира политика на инстититуционално зајакнување преку формирање Министерство за информациско-комуникациски технологии, кое ќе го води и координира развојот на информациското општество и електронските комуникации во Република Македонија.
СДУ приоритети:
- Бесплатен Интернет за секој граѓанин;
- Компјутер за секој граѓанин;
- ИКТ едукација на секој граѓанин;
- Национален библиотечен информациски систем;
- Дигитализација на културното наследство.
11.3. РАДИОДИФУЗИЈА
СДУ приоритети:
- Доследно спроведување на Законот за радиодифузната дејност со цел да се обезбеди транспарентно, предвидливо и ефикасно регулирање на радиодифузијата во интерес на граѓаните на Република Македонија;
- Функционирањето на Советот за радиодифузија како силен и независен орган;
- Реорганизација на Македонската Радио и Телевизија во насока утврдена со европски стандарди. Институционална автономија и целосна уредувачка независност од кој било центар на моќ во општеството;
- Стабилни економски услови за работење на приватните радиодифузни медиуми со цел тие да можат да се потпрат само на сопствените извори на финансирање - од реклами и спонзорства, како битен предуслов за нивната независност.


