СДУ во развојот на градежништвото гледа како на пропулзивна гранка, која овозможува економски развој и намалување на бројот на невработени.
СДУ приоритети:
- Довршување на постојната патна и железничка инфраструктура, а особено пругата до Република Бугарија и довршување на Коридорите 10 и 8;
- Комплетна реконструкција и модернизација на патната мрежа, со изградба на патна инфраструктура до секое населено место во Република Македонија;
- Подигнување на стандардот на постојните патни правци, како и во изградбата на идните патишта, особено на автопатите;
- Комплетна реконструкција и модернизација на двата аеродроми;
- Градење на регионален карго центар;
- Утврдување на стандарди и контрола на истите за градежните објекти. Притоа во овој случај мораат да се користат услугите на ИЗИС, поради влијанието на потресите врз градежните објекти;
- Изградба и модернизација на гранични премини;
- Ригорозни контроли за намалување до комплетно уништување на градежната мафија.


