Home СДУ Програма Земјоделство и водостопанство

Земјоделство и водостопанство

8.1. ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Во Република Македонија, обработливата земјоделска површина изнесува околу 670 илјади хектари или 27% од вкупната територија на Република Македонија. На овие површини, ако целосно се обработуваат со ангажирање на стручен кадар, можат да се одгледуваат во големи количества: пченица, јачмен, пченка, ориз и друго, како и индустриски култури меѓу кои тутунот, шеќерната репка, сончогледот и слично. Значајни се и производствените можности на градинарските производи што служат за извоз. На близу 60 илјади хектари што изнесува 10% од вкупната обработлива земјоделска површина за сега се подигнати и овошни и лозови насади, а во еден дел и плантажи. Треба да се подвлече дека аграрното производство служи и како суровинска основа за повеќе преработувачки гранки на прехранбената индустрија, покрај можностите за извоз. Во Република Македонија има 635 илјади хектари, приближно исто колку што изнесува обработливата земјоделска површина, во пространи природни зимски и летни пасишта, што создаваат поволни услови за сточарството.

СДУ приоритети:

  • Повисоко задоволување на домашната потреба од земјоделски производи и нивни преработки со сопствено производство;
  • Одржливо искористување на природните ресурси и зачувување на животната средина;
  • Обезбедување материјална и социјална добросостојба на земјоделските производители и постигнување рамнотежа на релацијата град-село;
  • Модернизација на земјоделското производство;
  • Создавање услови и воведување на критериумите за производство на квалитетна и здравствено исправна храна;
  • Зголемување на извозот на земјоделските производи;
  • Развој на екстензивните и рурални подрачја;
  • Создавање услови за користење на предпристапните фондови на ЕУ - ИПА.

 

8.2. ВОДОСТОПАНСТВО

Република Македонија располага со водни ресурси, со специфично истекување. Покрај ова, во Македонија постојат и подземни води што не се доволно истражени, како и трите големи езера: Дојранското, Преспанското и Охридското. Во нашава земја постојат и поголем број планински езера со различна количина на вода. Исто така, изградени се 18 големи и преку 100 мали вештачки езера. Изградените акумулации позитивно влијаат врз квалитетот на водите, бидејќи се јавуваат како големи таложници на загадувачите кои водата ги носи од сливот.
СДУ приоритети:

  • Реконструкција - рехабилитација и модернизација на постојните системи за наводнување;
  • Довршување и доопремување на започнатите системи за наводнување и изградба на нови;
  • Заштита на водите во реките и езерата од загадување.
 

Профили

webmail