Home СДУ Програма Институции во функција на пазарната економија

Институции во функција на пазарната економија

Во динамизирањето на економскиот пораст, СДУ ја нагласува потребата од креирање на институции компатибилни со таквата потреба. Во таа смисла, акцентот ќе биде ставен на:

  • Институции кои креираат пазарна економија - станува збор за институции што имаат задача да го заштитат правото на сопственост и да го осигураат извршувањето на договорите;
  • Институции за регулирање на пазарите - станува збор за институции што имаат задача да го отстранат или барем ублажат т.н. пазарен неуспех. Тоа се институциите за регулација на екстерналиите, институции што обезбедуваат јавни добра, институции за регулација на монополите и слично;
  • Институции за стабилизација на пазарите - овие институции се должни да обезбедат макроекономска стабилност, односно ниска стапка на инфлација и високи стапки на економски пораст, да се справат со цикличните движења во економијата и да го спречат евентуалното настанување на финансиски кризи;
  • Институции задолжени за легимитетот на пазарот - овие институции треба да обезбедат социјална заштита и осигурување на граѓаните, правилна дистрибуција на доходот и да управуваат со социјалните конфликти. Тука влегуваат пензиските фондови, програми за помош во случај на невработеност, како и другите социјални фондови.
 

Профили

webmail