Home СДУ Програма Нова економска политика и нов политички морал

Нова економска политика и нов политички морал

Промоција на брз економски развој, со цел подобрување на животниот стандард.

  • СДУ цели кон изградба на нов политички морал. На социјалдемократијата, преферирана од СДУ, не и е туѓа борбата против сиромаштијата. Социјалдемократијата за причина на своето постоење ја зеде заштитата на слабите, без да ја доведува во прашање основната рамка на пазарната демократија. Ние сме за нагласена грижа за невработените, лицата со пречки во развојот, постарите граѓани и пензионерите и за сите други чувствителни елементи од средната класа.
  • СДУ се залага за благо контролирана пазарна економија, приспособена на конкуренцијата што ја наметнува глобализацијата.
  • СДУ се залага за правична распределба на приходите и еднаквост на шансите за сите. Намалување на зафаќањата на даноците во корист на развојот на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните. СДУ е за демократска рамнотежа, или противтежа на глобализацијата, на пазарите и на технологиите.
  • За СДУ гесло се проектите и идеите. Приоритетите на економски план тргнуваат од поддршката на аграрот и на индивидуалните земјоделци, со акцент на еколошко производство. Тоа значи искористување на компаративните предности во водните, земјишните и климатските потенцијали, како и искористување на енергетските ресурси, односно изградба на одржливи енергетски капацитети.
  • СДУ особено своето влијание ќе го насочи кон поддршка на приватните малосопственици, значи на малите и средните претпријатија. Внимание ќе се посвети и на унапредување на преработувачката индустрија во делот на прехранбените производи, заштита на шумите и слично.
  • СДУ се залага за рестартирање на рудниците за олово и цинк и преработувачките капацитети на црната и обоената металургија, со должно внимание кон чувствителното прашање на загадување на околината и заштита на животната средина.

Во овој контекст важно е искористувањето на климатските услови во унапредување на угостителско-туристичката дејност, со особен акцент врз амбиенталниот, селскиот туризам, ловот и риболовот, манастирскиот и винскиот туризам и слично. Ова ќе значи унапредување на патната инфраструктура, со концесионерство кај магистралните патни правци.

СДУ ќе ја унапредува политиката на монетарна стабилност и стабилни цени:

Нашите проценки говорат декаа стенд бај аранжманот што го имаме со ММФ не ги дава соодветните резултати поради високата стапка на невработеност, дефицитот на трговската размена со странство, а особено е важно поради нестабилниот пораст на бруто домашниот производ. Гледиштата на СДУ се неподелени и во фактот дека предолго сме заробеници на две наметнати сидра: ниска стапка на инфлација - низок дефицит во централниот буџет и преценетата вредност на домашната валута, т.н. стабилен курс. Имено, СДУ цени дека за ММФ се битни само монетарниот и фискалниот аспект на стабилизацијата. Се заборава дека тврдо фиксниот курс не дава резултати поради високата невработеност, малите странски инвестиции и, на крајот, поради тоа што со таквата фиксираност на денарот едноставно не се стимулира извозот. Затоа ставот и политиката на СДУ се состои во пофлексибилно формирање на курсот на денарот, но со контролирана инфлација во функција на развојот на Република Македонија.

СДУ во делот на пазарната економија тргнува од начелото да ги разграничи поимите на трудот и капиталот, односно на пазарот и на демократијата. Имено, пазарот и демократијата одат заедно: “пазарот е логично средство за да се изрази некоја слобода”. Пазарот придонесува за зацврстување на демократијата.

Во современиот свет, денес околу 200 земји развиваат пазарно стопанство, а во над 150 се одржуваат слободни избори. Токму затоа, појавата на средната класа е првиот услов потребен за воспоставување демократски институции. Средната класа е главен актер на пазарната економија. СДУ врз основа на ова сознание ќе се залага за создавање на овој исклучително важен потенцијал за забрзување на стопанскиот развој.

 

3.1. УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА НА ПРАВНИОТ СИСТЕМ

Хармонизацијата на домашното со европското право од една, односни изградбата на ефикасни институции, креирани и управувани од едуцирани правни лица и граѓани, од друга страна, се стожерни активности во политичкото делување на СДУ. Договорот за асоцијација и стабилизација со Европската Унија (ЕУ) потпишан во 2000 година, создаде обврски пред Република Македонија, која е задолжена да го усогласи сопственото законодавство со законодавството на ЕУ.

Сепак, покрај потпишаната спогодба, вистински план за усогласување на позитивно правната законска регулатива на Република Македонија не е донесен и секогаш се носат закони согласно дневно политичките потреби и забелешки што стигнуваат од ЕУ.

СДУ како вистински релевантен фактор на политичката сцена, со својата сериозност, ќе подготви однапред точно утврден план за усогласување на македонскиот позитивно правен систем со европскиот.

СДУ ќе разработи систем на препораки и задолженија за институционално и вонинституционално зајакнување:

  • Министерството за правда да донесе план за усогласување на законската регулатива со законодавството на ЕУ. На овој проект да се вклучат сите домашни и странски стручни кадри, како и програма за комплетна имплементација на законите за што највеќе ни забележува ЕУ. За да се постигне оваа цел потребна е едукација на населението, како и на директните учесници во примената на законските прописи. Оваа едукација ќе се врши по пат на јавно и транспарентно објавување на сите предлози на закони кои ќе бидат предмет на јавна расправа.
  • Усогласување на одредбите за судир на закони и надлежности. Усогласувањето на одредбите за судир на закони и надлежности е една од основните потреби на македонското законодавство, поради фактот што во повеќе закони се обработуваат повеќе пати ист тип на обврски и права, што често доведува до колизија помеѓу истите. Сметаме дека е потребно да се направи новелација на најголемиот дел од законите во Република Македонија заради нивно усогласување.
  • Зајакната информатичка поддршка, поддршка на судството, компјутеризација со воведување на единствен електронски судски систем.Воведувањето на единствениот електронски судски систем и поставувањето на единствена база на податоци ќе се овозможи комплетен пристап на секој судија, обвинител како и на секој учесник во споровите со што ќе се добие целосна транспарентност на судските процеси. Под тоа подразбираме и да профункционира информацискиот систем кој се потпира на истата база на податоци со податоците на МВР,МНР, УЈП и Царината со почитување на законската регулатива за заштита - тајност на податоците. Увидот ќе може да се изврши во сите конечни и правосилни одлуки преку Интернет на единствениот судски Веб портал (Веб страница).
  • Хармонизација во примената на позитивното право заради спречување на судир на закони и надлежности. Еден од основните приговори на земјите членки на ЕУ е непризнавањето на дел на странските судски одлуки, како и лошата соработка и меѓусебна правна помош на Република Македонија со земјите членки на ЕУ. Хармонизацијата ќе се одвива согласно европските директиви со кои се пропишуваат основите на позитивното право.

 

3.2. ПОТПОЛНА НЕЗАВИСНОСТ НА СУДСТВОТО

За СДУ не пости друга алтернатива, освен потполно осамостојување на судската власт. Првиот услов на тој пат ќе биде создавањето и примената на самостоен судски буџет.

Судскиот буџет ќе биде усвојуван од страна на Собранието на Република Македонија, а истиот ќе биде предлаган од Републичкиот судски совет. Со самостојниот судски буџет ќе се исплаќаат покрај платите на судските службеници и судската полиција и платите на судиите со што би се постигнала комплетна независност на судската власт. Тоа истовремено ќе значи: Стоп на корупцијата во судството.

Други мерки и активности:

  • Алтернативно решавање на спорови

Креирањето и имплементацијата на системот на алтернативно решавање на споровите ќе се врши по пат на арбитража и медијаторство, пред се во споровите кои ги опфаќаат сегментите на стопанството. Арбитражата е пред се потребна во меѓународните договори каде што настапуваат македонските стопанственици поради фактот што до сега за нив не постои никаква заштита.

  • Издвојување на судските службеници од останатите државни службеници

Издвојувањето на судските службеници од државните службеници треба да се направи со нов закон каде што ќе се утврди начинот на нивниот избор, финансирање и напредување врз основа на прикажаните резултати.

  • Создавање систем на кариера

Да се изготви Правилник кој ќе биде согласен со позитивната законска регулатива за начин на напредување во судската хиерархија по пат на едукација и контрола на знаењето на судиите.

 

3.3. ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

Реформата во јавното обвинителство, како и неговото осамостојување и јакнење како орган ќе обезбедат услови за вистинска борба против организираниот криминал и корупцијата.

Со обезбедувањето на електронската и информатичката поврзаност со останатите субјекти кои учествуваат во прогонот, како и поврзувањето на ниво на ЕУ, ќе се обезбеди брза размена на податоци, искуства и заедничка ефикасна соработка. Исто како и во судовите, да се создаде орган за внатрешна контрола, како и критериуми со кои што ќе се обезбедат услови за професионално регрутирање, унапредување и контрола на носителите на функцијата на кривичен прогон. Специјализацијата во рамките на овој орган ќе се постигне по пат на постојана едукација.

 

3.4. ПОДОБРУВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ УСЛОВИ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КАЗНЕНО - ПОПРАВНИТЕ УСТАНОВИ

  • Комплетно подобрување на нивните работни услови, одржување на специјални курсеви за нивна обука за постапување со лицата кои се на издржување на затворската казна, како и зголемување на нивната безбедност.
  • Комплетно реновирање на казнено-поправните установи, со што ќе се овозможат похумани услови за животот на осудените лица,како и да се воведат што поголем број на стручни лица кои ќе вршат нивна ресоцијализација. Со ова сакаме да постигнеме опаѓање на бројот на осудени лица кои повторно ќе се враќаат во казнено поправните установи.
  • Комплетно подобрување на нивните работни услови, одржување на специјални курсеви за нивна обука за постапување со лицата кои се на издржување на затворската казна, како и зголемување на нивната безбедност.
  • Комплетно подобрување на нивните работни услови, одржување на специјални курсеви за нивна обука за постапување со лицата кои се на издржување на затворската казна, како и зголемување на нивната безбедност.
 

Профили

webmail