Акцентот во својата работа и приматот во политичкото дејствување, СДУ ги става, пред се’ на:
- Доследно изградување на демократско, цивилно, отворено граѓанско општество и стопанство;
- Општество на еднакви граѓани и социјална правда;
- Слобода, солидарност, човекови права, правна држава и правда за сите граѓани;
- Одржување на макроекономската стабилност;
- Зголемување на ефикасноста на стопанството и премин кон траен и одржлив економски пораст;
- Проширување на надворешно-економските односи и извозна ориентираност на стопанството;
- Зголемување на нивото на квалификуваната работна сила;
- Зголемување на социјалните права на вработените;
- Задржување на ниво на реален пораст на пензиите;
- Подигнување на нивото на животниот стандард на граѓаните;
- Зголемување на инвестициите;
- Домашни инвестиции (еднаков даночен третман со странските инвеститори);
- Странски инвестиции (стабилна општествено-економска ситуација, гарантирање на инвестициите од страна на државата и изедначување со домашните инвеститори);
- Намалување на трошоците на јавната потрошувачка;
- Намалување на јавните расходи и даночното оптоварување;
- Даночни реформи - стабилна даночна и царинска политика;
- Тотална реформа на државната администрација;
- Реформа на банкарскиот систем;
- Перманентни, планско субвенционирање на земјоделството:
- Точно утврдување на културите што ќе се субвенционираат;
- Отворање земјоделски пазар за пласман на земјоделските производи на светската земјоделска берза;
- Утврдување на стандарди за земјоделските производи;
- Искористување на шумите, водите и природните богатства;
- Во рамките на градежништвото, довршување на постојната патна и железничка инфраструктура во наредните четири години:
- Подигање на стандардот на постојните и идните патни правци, особено автопатите;
- Комплетна реконструкција и модернизација на двата аеродроми во Скопје и во Охрид, со концесионерство и јавно-приватно партнерство;
- Кoристење на моделите на концесионерство и јавно-приватно партнерство за модернизација и изградба на нови автопатишта;
- Создавање регулатива за намалување до целосно уништување на градежната мафија;
- Промовирање на информатичките можности на македонските стручни кадри во Европската Унија;
- Создавање специјална Информатичка комора, на која ќе и’ се овозможи единствен настап на информатичките стручни кадри во светски рамки со продавање готови производи од бласта на информатиката.


