Home СДУ Програма Визијата на Социјалдемократска унија

Визијата на Социјалдемократска унија


lazar_elenovskipretsedatel
Почитувани,

Имаме визија за Македонија. Визија за напредок и просперитет. За благосостојба и среќа. Нашата визија е за слободата и демократијата. За рамноправност и заедништво. За обединување.

Времето на поделби помина. Македонија се наоѓа пред големи предизвици кои ќе одлучат за нејзината иднина и развој. Време е да изградиме нова политичка култура.

Социјалдемократската Унија (СДУ) ќе биде првата вистинска граѓанска партија. Ќе дејствуваме во интерен на сите граѓани, но не во интерес на одредена група, бидејќи цврсто веруваме дека напредокот само така е можен. Нема задоволни групи и незадоволно мнозинство. Напредокот е можен само ако сите заедно се соочиме со реалноста и предизвиците и го дадеме највредното за татковината.

А тоа го можеме само преку рамноправност. Каде ќе важат принципи и критериуми, наместо припадност кон одредена група. Да изградиме општество на социјална правда, солидарност и еднакви можности. Да градиме демократско и мултиетничко општество. Општество на цврсти институции кои почиваат на начелото на демократијата.

Човечкото право и слобода не смее да биде прашање на ничија желба.

Македонија припаѓа на Европа. Но за да стане и нејзин цивилизациски дел треба така и да делува.

Нам патот и европскиот дух ни се познати. Да го исчекориме патот заедно. Македонија членка на НАТО и ЕУ. Да живееме во безбеден и стабилен регион.

Нашата Унија ќе ги интегрира и обедини сите граѓани. Во развиена и стабилна Македонија за секого. Затоа што само така може. Во тоа се уверивме во долгиот пат на транзицијата. А транзицијата е она што треба да го завршиме. Да станеме вистинска демократија. Време е Македонија да заврши и со транзициските политички елити и наместо поделби за лична корист, да има обединување за доброто на секого.

Изборот зависи од сите нас. Силата е во секој граѓанин и во неговото право на избор. Затоа, ако треба да изберете кому ќе се приклучите, не приклучувајте се поради име, националност, вера или пол. Нека ве води визијата за Македонија.

Нашата визија има име -СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА УНИЈА.

За подобро. За сите.

Ви благодарам на сите што до сега се приклучивте.

Лазар Еленовски
Претседател
 

Профили

webmail