Home СДУ Претседател

Претседател

lazar_elenovskipretsedatelЛазар Еленовски е избран за претседател на Социјалдемократска Унија (СДУ) од нејзиното основање на 21 јуни 2008 година. Реизбран е за претседател на првиот конгрес на СДУ на 13 јули 2009 година.

Министер за одбрана на Република Македонија во периодот од август 2006 – јули 2008 година.

Роден е на 19 март 1971 година во Скопје каде и дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Политички активен од 1991 година. Областа на политичко дејствување во која работел е социјалдемократијата како основа за создавање на стабилна, демократска земја за нејзините граѓани. Основач е на Социјалдемократската младина на Македонија, нејзин генерален секретар од 1996 до 1999 година и претседател до 2001 година.

Од осамостојувањето на Македонија до денес бил активен во областа на евро-атлантската интеграција на Македонија, меѓународните односи и развојот на Македонија како стабилна мултиетничка демократија. Познат е како голем промотор на вредностите на атлантизмот, регионалната соработка и интегративните процеси на регионот. Преку соработка со цивилното општество и локалните власти, спровел бројни регионални и меѓународни проекти и иницијативи за зацврстување на регионалната соработка и подобрување на стабилноста и безбедноста во земјава и регионот.

Актуелен претседател е на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија каде бил генерален секретар од март 2001 до декември 2005 година, а потоа и претседател на Евро-Атлантски Совет на Македонија, членка на Атлантската Асоцијација (АТА), која обединува 40 национални атлантски асоцијации од Северна Америка до Централна Азија.

Еден од основачите на Форумот за безбедност на Централна и Југоисточна Европа - Балкан Мозаик (Central and South Eastern European Security Forum – Balkan Mosaic) во декември 2004 година.
Заменик генерален директор на ЈСП-Скопје во периодот од април 2001 до мај 2005.

Лазар Еленовски е оженет со Марија Еленовска со која го имаат синот Александар и ќерката Сара.

 

Профили

webmail