Home Прес Центар Новости

Новости

Караванот на НОВАТА СКОПСКА ПРИКАЗНА во Чаир

cair_naslovnamalaНа ден 07.03.2009 година (сабота) кандидатот за градоначалник за Град Скопје на Социјалдемократската Унија Лазар Еленовски имаше средба со голем број на поддржувачи и граѓани во општина Чаир. Покрај Еленовски меѓу граѓаните беа и Проф. Д-р Ѓорѓи Тоновски, носител на советничката листа на Град Скопје, кандидатите за советници на Град Скопје и кандидадите за советници од СДУ за  општина Чаир.
 

Караванот на НОВАТА СКОПСКА ПРИКАЗНА во Стајковци

stajkovci_malaНа ден 05.03.2009 година (четврток) во село Стајковци официјално беше отворен новиот штаб на Социјалдмеократската Унија во ова место.
На големиот број на присутни членови и симпатизери на СДУ им се обрати претседателот и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Лазар Еленовски.
 

Митаноски во осмомартовска посета на Геријатриското одделение

vele_posetagerijatrijamalaПо повод Осми март-празникот на жената, денеска претпладне, потпретседателот на Социјадемократската партија (СДУ) Веле Митаноски, заедно со претседателот на Општинската организација Марко Спасески и членови на Партијата, од Советничката листа, го посетија Геријатриското одделение при Општата болница во Охрид. Во подолгиот разговор со дваесетината жени и началничката на Одделнието Д-р Севим Селим, Митаноски, беше запознат со условите за престој и здравствена нега. Во изјавата за медиумите Веле Митаноски, рече дека просторните услови навистина се многу ограничени, на најповеќе триесетина места, меѓутоа, како што рече, "фасцинантни се ентузијазмот, грижата и посветеноста на медицинскиот персионал".
 

Веле Митаноски разговараше со стечајците од Охрид

stecajci_vele_malaПотпретседателот на Социјадемократската унија (СДУ)и носител на советничка листа во Охрид Веле Митаноски, заедно со претседателот на Општинската организација на СДУ за Охрид, Марко Спасески, денеска претпладне, остварија средба во седиштето на Регионалното здружение на грагани - загубари, технолошки вишок и стечајни работници, во Охрид. во разговорите со претседателот на Здружението Иван Николоски и со членови на Претседателството на Здружението, учествуваа и неколкумина од листата на СДУ за Советот на општина Охрид.
 

Еленовски на средба со рекреативните риболовци од Скопје

ribari_malaДенес 04.03, кандидатот за градоначалник на СДУ Лазар Еленовски во хотелот Бест Вестерн оствари средба со рекреативните риболовци од Градот Скопје, на кои им го претстави проектот пловен Вардар, како и намерите за поставување на пречистителна станица и порибување на реката Вардар.
Со овие проекти намерата е да се заштити рибниот фонд, а воедно и да се намали степенот на загаденост на главната артерија на Градот Скопје.
 

Еленовски го претстави проектот „Пловен Вардар“

elenovski_plovenvardarНа 4 март, во Скопје, Претседателот на Социјалдемократската Унија и кандидат за градоначалник на град Скопје, Лазар Еленовски како дел од изборната кампања а со цел повеќе да ја приближи својата визија, оддржа непосредна средба со граѓаните на град Скопје. Тргнувајќи од улицата „Македонија“ групата од  поддржувачи, граѓани како и голем број претставници на медиумите се упати кон кејот на Вардар, каде Еленовски како дел од програмата на Социјалдемократската Унија ја образложи идеата за Пловен Вардар околу Камениот мост со која би се дал еден нов лик на централното градско подрачје и обединување на плоштадот, кејот од двете страни и Старата чаршија.

 

Еленовски во посета на општина Карпош

martininaslovna_malaДенеска на ден 03.03.2009 год ( вторник ) , кандидатот за градоначалник на Град Скопје Лазар Еленовски имаше средба со граѓаните на општина Карпош , неколку претставници на невладини организации и општинската лекарска комора , на која средба беше разговарано за повеќето проблеми со кои секојдневно се среќаваат граѓаните на ова голема скопска општина.
 

Веле Митаноски: Да му го вратиме достоинството на Охрид

sdu---press-03.03.2009---2"Подготвен сум, како професионално и семејно реализиран човек, ослободен од егзистенционални проблеми, заедно со присутниот ентузијазам, психичката и физичка кондиција, да му го ставам на располагање на Охрид, градот со чија заслуга, ги постигнав сите успеси, во мојата 36. годишна професионална новинарска и политичка кариера." Ова го нагласи потпретседателот на Социјалдемократската унија и носител на советничка листа во Охрид Веле Митаноски, промовирајќи ги Програмата и изборното лого.
 

Конвенција на Социјалдемократската унија на Македонија

konvencija_elenovski2Социјалдемократската унија на Македонија на денешната конвенција ги претстави кандидатот за градоначалник на Скопје, лидерот на партијата Лазар Еленовски, и кандидатите за градоначалници и носителите на советничките листи за претстојните локални избори.
 

Трибина на СДУ Искуствата на локалната власт во Шведска, како пример за Македонија

hariВо организација на Социјалдемократскат унија (СДУ), на 19 февруари, во Скопје, се одржа трибина  Искуствата на локалната власт во Шведска, како пример за Македонија. Главен гостин на трибината беше членот на раководството на сестринската Социјалдемократска партија на Шведска, господин Ерик Пелинг, советник во локалната власт на Упсала, стариот универзитетски центар на Шведска.
 
Лист 8 од 10

Профили

webmail