Вторник, 17 Март 2009 11:48
 Потпретседателот на Социјалдемократска унија (СДУ) и носител на Советничка листа Веле Митаноски, денеска на тематска прес конференција, се осврна на прашањето на фискалната децентрализација, како стожерна точка од неговата Изборната програма. "Корпусот прашања од суштинското развластување на ресорните министерства во Владата на Република Македонија, посебно во делот на урбанизацијата на просторот, образованието, културата и слично, се "алфа и омега" во работата на секоја локална самоуправа и необјасниво е зошто политичките субјекти - учесници во изборите во Охрид, беагаат од нив, а се фокусираат на, со ништо непоткрепени приказни за замислени капитални зафати, во кои, всушност локалната и нема некоја попрецизна надлежност", потенцираше Веле Митаноски.
Недела, 15 Март 2009 17:56
"Ќе ја примораме локалната власт, да сврти нова страница во односот кон туристичката населба Пештани", им рече на жителите Веле Митаноски, потпретседател на СДУ и носител на советничка листа. Карванот на СДУ, кој во Пештани го предводеше лидерот на Партијата Лазар Еленовски, наиде на одличен прием кај жителите, кои истакнаа бројни примери на нарушена комуникација со локалната и централната власт, отсуство на идеи и подготвеност да се излезе во пресрет на нивните барања.
Недела, 15 Март 2009 17:43
На ден 14.03.2009 година кандидатот за градоначалник за Град Скопје,Лазар Еленовски на Социјалдемократската Унија одржа митинг со голем број на подржувачи и граѓани од населбата Топаанa.На присутните им се обрати Еленовски кој ја промовираше својата изборна програма и клучните заложби што ке ги спроведе доколку биде избран за градоначалник .Говореше и за своите проекти кои во иднина ќе придонесат за поголем и просперитетен развој на ромското население.
Сабота, 14 Март 2009 19:39
 Потпретседателот на СДУ и носител на Советничката листа за Охрид Веле Митаноски, претседателот на ОО Марко Спасески и дел од членовите на советничката листа, денеска претпладне ја посетија Боречката организација за општините Охрид и Дебрца.
Сабота, 14 Март 2009 19:22
 Синоќа во Големата сала на општина Охрид во организација на СДУ се одржа трибина на тема: "Каков Совет за Охрид". Охрид 13.03.2009 - На трибината учество зедоа претставници на политичките организации од Охрид и од централните раководства во Скопје, меѓу кои беше и лидерот на Социјадемократска унија Лазар Еленовски, потоа од локалната самоуправа, досегашни и потенцијални идни советници во општина Охрид, научни работници од Охрид и Скопје како и и други заинтересирани граѓани на Охрид.
Петок, 13 Март 2009 15:14
 Продолжува претставувањето на изборната програма на СДУ пред охриѓани и жителите на околните села и населби. Синоќа средба со жителите на населбата Радојца Новичиќ. Вториот дел од кампањата, ќе мине, главно, во контакт со граѓаните, потенцираат од ОО на СДУ. Претседателот Марко Спасески, потпретседателот ан партијата и носител на советничката листа Веле Митаноски и дел од советничката листа по средбата со жителите на Куратица,синоќа остварија средба со жителите на населбата Радојца Новичиќ. На средбата стана збор за проблемите со кои се среќаваат жителите на оваа голема приградска населба.
Петок, 13 Март 2009 14:50
 Претседателот на Општинската организација на Социјалдемократската унија (СДУ), Марко Спасески, денес претпладне, одржа прес-конференција, посветена на актуелните случувања од кампањата за локалните избори. СДУ, како што е познато, е иницијатор и потписник на "Декларацијата за изборно достоинство" и е обврзана да го следи текот на кампањата и благовремено да интервенира. Давајќи оценка и за вториот дел од изборната презентација, односно за непосредните средби со граѓаните и одржаните јавни собири, Спасески, рече дека интересот за нивните презентации е се поголем.
Петок, 13 Март 2009 14:37
 На ден 12.03.2009 година во просториите на Социјалдемократската Унија (СДУ) се одржа средба помеѓу високиот претставник на ЕУ во земјава Ерван Фуере и претседателот на СДУ и кандидат за градоначалник за Град Скопје Лазар Еленовски.
Четврток, 12 Март 2009 13:09
 "Сега е сезона на празни ветувања. Ќе дојдат, ќе ветат и повеќе нема да се вратат. Затоа, најодоговорно, ја преземаме обврската, со нас во Советот на општина Охрид, локалната самоуправа да го промени односот кон Куратица," им рече синоќа на жителите од ова село Веле Митаноски, потпретседател на СДУ и носител на советничка листа.
Вторник, 10 Март 2009 13:24
Општинската организација на Социјадемократската унија, денеска одржа тематска прес-конференција, на која говореа потпретседателот на Партијата и носител на Советничка листа во Охрид, Веле Митаноски и претседателот на Општинската организација на СДУ Марко Спасески. Спасески на почетокот искажа задоволство од начинот и резултатите во спроведувањето на сопствената кампања.
"Настапот го концепиравме на начин, како да им ја направиме достапна на граганите нашата програма.
|
|