Home Прес Центар Новости

Новости

Општинска изборна конференција Пробиштип

malaНа ден 10.06.2009 година(среда) се одржа општинска изборна конференција на СДУ за општина Пробиштип. На конференцијата присуствуваа  членови и симпатеизери на СДУ кои во работна атмосфера ги избраа органите на партијата. За претседател  на општинска организација на СДУ за Пробиштип повторно беше избрана Убавка Цонкинска.
 

Осма седница на Централниот Одбор на Социјалдемократската Унија

На ден 09.05.2009.година (сабота) со почеток во 12 часот се одржа осмата седница на Централниот Одбор на Социјалдемократската Унија.На седницата  главна тема за дискусија од дневниот ред беше  одлуката  за иизборни конференции и припрема на партијата за конгрес.
 

Прес конференција на СДУ по повод одлуката на Уставниот Суд за веронауката во образовниот процес на РМ

press_16.04.09Социјадемократската Унија ја поздравува одлуката на уставниот суд за укинување  на веронауката од образовниот систем во Република Македонија и смета дека согласно уставот и демократските принципи на државата, Македонија e секуларна држава и дека секуларизмот треба да продолжи да се негува. Сметаме дека треба да биде одвоена религијата од државата бидејќи последните трендови покажуваат дека има се поголемо мешање на тие категории.
 

Изјава на претседателот на СДУ за "Утрински весник" по повод предлог-ребалансот на буџетот на Министерството за одбрана

natoarm1Кастрењето на буџетот на Министерството за одбрана за 23 милиони евра ќе има директно влијание врз стандардизацијата и опремувањето на АРМ, предупредуваат познавачите на оваа материја. Според нив, ова ќе значи директна атака врз основната функција на Армијата, а неисполнувањето на стандардите на НАТО ја загрозуваат интеграцијата на земјава во Алијансата.
 

Седма седница на Ц.О.

comalaНа ден 12.04.2009  година(недела) со почеток во 12 часот се одржа седмата седница на Централниот Одбор на Социјадемократската Унија.На седницата беа анализирани изборните резултати кои ги постигна СДУ на изминатите локални избори и посебен акцент се стави на идните  насоки за понатамошно дејствување.
 

Реакција на СДУ по повод новонастанатите проблеми во Сведмилк

swidmilk_malaСоцијалдемократската Унија изразува жалење за новонастаната состојба со млекарницата  Сведмилк,и истовремено дава целосна подршка на млекопроизводителите во процесот на наплата на своите долгови од  Сведмилк.
Главната причина за ваквата неповолна (банкрот) состојба на кооперантите на Сведмилк,гледаме во неодговорниот однос на институциите на системот.
 

Оценка на СДУ за Локалните Избори

pres25elenovskimalaСоцијалдемократската Унија по повод локалните избори на прес конференција одржана на 25.03.2009 година ги изложи првичните оценки за изминатите локални избори.Лазар Еленовски нагласи дека изборите во Македонија биле мирни,но далеку од фер и демократски.На овие избори повторно се потврди црно-белата слика на политичкиот систем  кој продолжува со национална и партиска поделеност меѓу граѓаните.Со  граѓански концепт за подобра иднина и излез од црнобелиот  свет,Социјалдемократската Унија  со свои кандидати за градоначалници и советнички листи  излезе во 25 општини или кај околу 50%  од електоратот и освои 14000 гласови или 1,6 %.
 

НОВАТА СКОПСКА ПРИКАЗНА со завршен собир во Карпош

karposh_malaНа ден 19.03.2009год( четврток) во Oпштина Карпош(Лептокарија), се одржа завршната презентација на изборната програма на Социјалдемократската Унија за локалните избори.Претставени беа членовите на повеќе етнички групи и носителите на листи на општинските организации, кои ја изнесоа  својата програма пред граѓаните. Своите идеи ги изнесоа и кандидатот за градоначалник на општина Центар, Димитар Илиевски, како и проф.Ѓорѓи Тоновски, носител на листа на град Скопје. На крајот на оваа средба својата изборна програма пред присутните граѓани, ја претстави и кандидатот за градоначалник на Скопје, Лазар Еленовски.
 

Митинг на Социјалдемократската Унија во Велес

veles_malaНа ден 17.03.2009година со почеток во 19 часот во Пионерскиот дом во Велес на митинг беше промовирана изборната програма на Социјалдемократската Унија .На средбата пред големиот број на граѓани и подржувачи од овој град  им се обрати председателот Лазар Еленовски  и кандидатот за градоначалник од овoј град Лазо Игнатовски како и носителот и претставниците на советничката листа.Крајот на митингот беше одбележан со пригоден коктел за сите присутни.
 

НОВАТА СКОПСКА ПРИКАЗНА со митинг во Карпош

sdulogo_250_194Во Четврток со почеток во 18:00 часот во населбата Карпош (Лептокарија пред кафичот Флуид) Социјалдемократската Унија ќе одржи митинг на кој ќе биде промовирана изборната програма заедно со кандидатот за градоначалник за Град Скопје Лазар Еленовски и кандидатите за советници од советничката листа.
 
Лист 6 од 10

Профили

webmail