Home Прес Центар Новости СДУ укажуваат на опасноста од парцијални измени на Уставот

СДУ укажуваат на опасноста од парцијални измени на Уставот

sdu_soopstoenie_malaПо повод иницијативата за одржување на лидерската средба, Социјалдемократската Унија укажува дека евентуалните измени на Уставот, се прашање на општ национален консензус, а не право на самоповикана “институција” во форма на лидерска четворка.
Основниот конституционален акт на земјата, е премногу сериозна работа, за на ваков начин и во ова време да се пристапува кон парцијални измени и козметички дотерувања, особено што не се исклучени пазарења и тесно партиски наметнувања.

Социјалдемократската Унија не верува во искреноста на присутните на оваа средба, дека целта им е да ја засилат независноста на Судскиот совет. Напротив, со намалувањето на мандатите, само ќе испратат порака дека сакаат да ја засилат контролата. Ако сакаат да ја ограничат моќта на министерот за правда, тоа можат да го направат и без посегнување по Уставот.

Сакаме да потенцираме дека премногу е голем влогот. На овој начин ќе се отвори пандорината кутија и сезоната на партиски пазарења и уцени, влегувајќи притоа во спиралата на нови и нови барања за измени на уставните решенија. Ризикот е премногу очигледен, додека очекуваните домети се премногу ограничени.
 

Профили

webmail