Социјалдемократската Унија го поздравува потегот на вчерашната објава за нова пратеничка група во Собранието на Република Македонија, предводена од Тито Петковски со двајцата негови собраниски маргиналци, појачани со Стојан Андов и Ѓорѓи Оровчанец.
Уште еднаш се покажа дека збирот на транзициските белоглави мршојадци, покриени со вродената лицемерност, се водени единствено од желбата да се опстои и да се ќари уште еден собраниски мандат. Овие изнемоштени политички фигури, со својата политичка безидејност ги прават последните чекори за своето политичко преживување.СДУ потенцира дека ваквото групирање е добро за македонската демократија. Прочитани се одамна, со што политичката јавност скоро ќе им овозможи пензионерски статус, а притоа ќе дозволи на некои нови сили да ја поведат државата онаму каде и е и местото.


