Home Прес Центар Новости Прес конференција на СДУ по повод законот за служба во АРМ и статусот на професионалните војници
Хероите на Македонија на општествениот отпад

Прес конференција на СДУ по повод законот за служба во АРМ и статусот на професионалните војници

За Социјалдемократската унија  предложениот закон за служба во АРМ од страна на Владата во делот за професионалните војници е неприфатлив. Од неколку причини сметаме дека Владата на РМ треба да го разгледа уште еднаш:Сметаме дека лесно може да се најде реално решение, ако знаеме дека годишниот одлив  на професионалните војници од АРМ не е повеќе од 50 војници.
l_elenovski_press05.02.10Пред се прашањето го сметаме за клучно од морален аспект- луѓе што биле спремни да го дадат животот и кои највеќе придонеле на патот кон НАТО , луѓе кои сите ги нарекуваме хероите на Македонија, нејзините најголеми амбасадори сега треба да се најдат на маргините на општеството, на нејзиниот отпад.

Затоа СДУ како опозициска партија нема да дејствува како т.н опозициски фронт кој во недостиг на идеја  само голо ја критикува власт, туку предлагаме конкретен концепт за решение на ова прашање:

Прво, сметаме дека има услови да се зголеми старосната граница за служба во АРМ, по примерот на многу НАТО држави или конкретно на Словенија каде што старосната граница е 45 години.

Второ, дел од професионалните војници да се апсорбира и да им се овозможи да бидат ангажирани во сродните министерства, како МВР, Министерство за правда и слични државни институции, исто така нешто што го има во повеќе НАТО држави.

Трето, да се формира Државна агенција за обезбедување. Станува збор за обучени, тренирани луѓе во кои државата вложувала со години во нивната обука. Тие се дисциплинирани и без криминално досие и можат многу успешно да функционираат на било кое слично место низ државната структура во областа на безбедноста..
Од друга страна државата одвојува огромни финансиски средства од буџетот за обезбедување на државните институции на приватни агенции. Ангажирањето на професионалните војници, во една ваква институција, ќе даде дополнителен квалитет и стандард во обавувањето на оваа функција.
Во таков случај дел од нив би можеле да се ангажираат и во резервниот состав на АРМ.

Уште еднаш потенцираме дека Македонија ја гледаме како демократска, социјална и морална држава и општество и затоа ова прашање мора така да се разгледува и решава.
 

Профили

webmail