Home Прес Центар Новости Пресконференција на СДУ: Последните случувања во опозициониот блок

Пресконференција на СДУ: Последните случувања во опозициониот блок

l.elenovski_press02.02.2010malaСоцијалдемократската Унија, го свика денешниот прес по повод вчерашното формирање на т.н опозициски блок.
СДУ како опозициска партија го поздравува формирањето на т.н опозициски блок поради тоа што како што вели народната “конечно сите гаврани се собраа во едно седло”. Тоа групирање е добро за македонската демократија,  сите  синоними на мачната македонска транзиција да нудат иста опција. Секако ние ги препознаваме нивните вистински интереси. На Бранко Црвенковски, во вечниот недостиг на идеја и креативност, за уште една чиста шминка и замајување на јавноста, а на Тито Петковски и нему сличните за чисто политичко преживување. Доказ за тоа е т.н платформа која е токму таква: демагошка, општа, безидејна, без визија, без решенија со гола критика на власта.

Од  друга страна најискрено жалиме за тоа што во македонската политика и држава 20 години владеат опциите на транзициските професори и транзициските студенти кои природно сега се обидуваат да бидат подобри од професорите. Нивниот резултат е заеднички и е поразителен за Македонија.

Денес повторно ќе потсетиме како и во минатото, СДУ смета дека Македонија има длабока потреба од нова политичка сила, нова политичка надеж која ќе раскине со транзицијата и сите нејзини феномени и ќе гради вистински демократски принципи и вредности во македонското општество.

Во таа насока имајки ги предвит последните политчки настани го поздравуваме новиот пат по кој тргна ЛДП кој е трнлив  но пред се демократски и сметаме дека тоа е вистински начин за политичка пресметка со оваа власт.

 

Профили

webmail