Home Прес Центар Новости Формирање на општинската организација на СДУ во Струмица

Формирање на општинската организација на СДУ во Струмица

Социјалдемократската Унија има идеи и реални проекти за да го подобри животниот стандард на земјоделецот и од него да направи респектабилен фактор и носечки столб на економијата.

Затоа и во наредниот период, поточно во втората половина на јануари ке ја одржиме и првата трибина за помош и едукација на фармерите од струмичкиот регион во искористувањето на предпристапната помош од ИПАРД фондовите кои се наменети токму за земјоделството и руралниот развој, а понатаму ке пружаме и конкретна помош преку нашите експерти во новоотворената канцеларија на СДУ во Струмица, истакна претседателот на СДУ Лазар Еленовски на основачко собрание на општинската организација во Струмица.
Во говорот тој истакна дека покрај општинската организација во Струмица, СДУ веќе ги прави последните подготовки свои општински ограноци да основа и во Василево, Босилево и Ново Село.
За претседател на ОО СДУ Струмица е избран Владо Јанков познат струмички стопанственик.

 

Профили

webmail