Home Прес Центар Новости Прва трибина на СДУ за успешно искористување на ИПАРД програмата

Прва трибина на СДУ за успешно искористување на ИПАРД програмата

Социјалдемократската Унија во Прилеп на ден 30.11.2009 година, во домот на културата  ” Марко Цепенков ”  одржа трибина на тема ” Успешно искористување на ИПАРД програмата”.



Излагач и модератор на трибината беше проф.д-р Драган Ѓошевски професор на Земјоделскиот факултет и еден од најистакнатите експерти во областа на земјоделството и приспособувањето на аграрниот сектор со европските нормативи.

На трибината присуствуваа голем број на граѓани од Прилепскиот регион, кој беа заинтересирани за начинот за аплицирање на фармерите за добивање  на финансиски поволности од европските фондови за развој на земјоделството и руралниот развој.



СДУ и понатаму ќе продолжи со одржување на трибините во насока на едукација на фармерите за поволностите што ги нуди ИПАРД програмата, а притоа врши и обука на сопствени кадри кој во наредниот период  директно ќе им помагаат на заинтесираните фармери.

 

Профили

webmail