Home Прес Центар Интервјуа

Интервјуа

Лазар Еленовски, екс министер за одбрана и лидер на СДУ

elenovski1

Антикорупциската комисија минатата недела го изненади екс министерот за одбрана Лазар Еленовски со најава за кривична пријава поради финансиското работење во МО 2006-та. Еленовски, кој тргна во градење партиска структура на Социјалдемократската унија, која се подготвува за самостоен настап на претстојните избори, не сака да верува дека власта би можела да врши некаков притисок врз него поради одлуката да прави самостоен политички субјект. Тој минатата недела во Скопје организираше конференција на Евроатлантскиот клуб на која чешкиот амбасадор во НАТО упати јасна порака дека блокадата за нашиот прием во Алијансата во Букурешт, не била грчко вето, приземјувајќи ја владината еуфорија околу нашата тужба пред Меѓународниот суд. Во меѓувреме, во Македонија се актуелизира и најавениот извештај на комисијата за испитување на хеликоптерската несреќа. Сето тоа беше повод за разговор со екс министерот Еленовски.

 

Веле Митановски, Охрид-налик на Санкт Петерсбург

vele-intervju

Секој што ќе се нафати на советничката функција, треба да знае дека, покрај градоначалникот и тој е репрезент на својот град.

Со години сте на јавната сцена во Охрид и Македонија. Бевте успешен новинар, работевте во најреномираните локални медиуми и медиуми од просторите на поранешна Југославија, а бевте и пратеник. Зошто сега се кандидирате за локална политичка функција и правите обид да влезете во советот на општината?

Јас сум сигурен дека правам повеќе од обид, што значи верувам во успех на изборите. Нема сомнение дека граганите ќе ми ја дадат довербата, бидејќи сите знаат колку јас можам да придонесам во унапредувањето на позицијата и работата на Советот. Ако ништо друго, нема да дозволам да се носат одлуки кои се срам за градот. Како вие денес можете да говорите дека сте потомец на еден Прличев, чие животно кредо беше " совршенство, или смрт", а некој, во ваше им е, да донел одлука дека, на пример, вие живеете на "улица Булевар Туристичка", или на " улица Булевар Македонски просветители". Тој некој, или не знаел да прави разлика помегу булевар, односно улица, или пак уште полошо - во едно име, измешал и машки и женски род. Тоа е срамота за Охрид.

 

Еленовски на Канал 77

Интервјуто со претседателот Еленовски на Канал 77 во аудио формат.

Интервјуто е поделено на пет дела и на оваа страна е публикувано во помеќе различни формат.

 

Интервју на потпретседателот на СДУ Веле Митаноски за неделниот магазин Глобус

Интервјуто со претседателот Еленовски на Канал 77 во аудио формат.

Интервјуто е поделено на пет дела и на оваа страна е публикувано во помеќе различни формат.

 

Профили

webmail