Социјалдемократската Унија најостро се спротиставува на изјавите на најразлични политички и невладини субјекти и поединци кои изминатите неколку дена го рушат тешко стекнатиот македонски мултиетнички стандард, говорат со јазикот на омразата и повторно го враќаат седиштето на национализмот и фашизмот во Македонија.
Ги потсетуваме дека Македонија и нејзините граѓани изминаа долги години на демократски реформи за да живееме во слобода и демократија, која е цврсто посветена на Европа и на нејзините вредности.
Посебно ги осудуваме изјавите на господин Тачи и господин Георгиевски чиј речник потсетува на речникот на минатото и нема ништо со македонската иднина.
Потсетуваме дека токму во времето на нивното владеење се случи меѓуетничкиот конфликт во Република Македонија што е причина повеќе тие да бидат уште поодговорни во изјавите, а не спротивното.
Како што изјавивме за проектот “Скопје 2014”, сега се потврдува дека е проект за замајување на јавноста од реалните проблеми, но и многу полошо-темпирана бомба за меѓуетничките односи. Ставот на СДУ е јасен, центарот на градот не треба да има никаков нов верски објект, имајки предвид дека во поширокиот центар на градот има доволно и цркви и џамии.
Македонија е мултиетничко, мултиконфесионално општество но пред се таа е секуларна држава, држава во која владеат закони и демократски вредности.
Затоа ги повикуваме сите политички партии, невладини организиции и јавни личности, сега, на самиот почеток на овој тренд, да се оградат од овие антидржавни изјави и говор на омраза и да се обединиме во она што е главна цел за Република Македонија-нејзината евроатлантска интеграција.


