Печати

Кризата на идентитет во левицата v.s. „системска кражба на гласови“ од десницата

Венко СтомнароскиПочитувани,

Инспириран од изјавите на левичарските лидери од СДСМ решив да изнесам некои мои сопствени видувања во оваа колумна за идентитетот на левицата во Македонија и „системската кражба на гласови“ како што убедува левицата.

Две децении по воспоставувањето на парламентарната демократија во Република Македонија се уште егзистира нашето добро познато сивило на политичката сцена со променлива динамика. Да кај нас политичкото сивило кај Македонците го сочинуваат левица (СДСМ) и десницата (ВМРО ДПМНЕ), а кај Албанците левицата и десницата или како и да е поделена. Промените беа посакувана врдност во нашата напатена држава уште со самото осамостојување во 1991 година и воспоставувањето на демократијата онаа парламентарната со политичко – идеолошка основа.

На самиот почеток на првите повеќе партиски парламентарни избори победа однесе десницата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Меѓутоа закоравената левица - поранешни закоравени комунисти, во тоа време реформирани социјалдемократи ги искористија своите манипулативни техники и недоволната политичка зрелост на десницата и од „пред нос“ со за десницата несвојствена коалиција со албанците во Македонија – дојдоја на власт.

Тоа се покажа како погубна комбинација за десницата која полека почна да тони и скоро осум години тапкаше во место и доведе до принципиелен бојкот на „демокртските“ (лажирани парламентарни избори) во 1994 година и убедлива победа на „Сојузот за Македонија“ предводен од СДСМ. На првиот круг од последните претседателски  избори во 2014 година левицата нејзиниот пораз го припишува на „ситематска кражба на гласови“ од страна на десницата односно дека народот не знае за кого гласа. Каков парадокс? Дали е тоа парадоксот на Диоген?
Четири години подоцна народот пресуди дека не му се потребни повеќе реформираните комунисти предводени од СДСМ кои скоро пет децении владееја со нашата земја и ја доведоа до голгота со долготрајната транзиција, корупција, долгогодишните стечаи на државните фирми, да не речам предуслов за грабеж на државниот имот за багателни цели и реките на стечајци.
Да на народот му беше доста од таа политика и на изборите во 1998 година убедливо на власт ја доведе десницата предводена од ВМРО ДПМНЕ која најдобро во тој период не се снајде. За жал седењето во опозициооните клупи за социјал демократската левица на Македонија не беше толку угодно. Малку им беше чудно после повеќе од пет децении нивниот збор никој да не го слуша. Но Жак Аталиевата социјал демократија пропагирана од левицата во Македонија не ги следеше своите принципи на вистинска социјал демократија. Да. Да. Сето тоа беше само изговор за заведување на народот.

Кога се најдоа во опозиција без право на ефектуирање на својата моќ, тие се свртија кон помошта од своите колеги од албанскиот блок, но за жал и тие беа слаби да им помогнат. Тоа доведе до еден прав политички потег кој е одлика на Социјал демократите во Македонија - играта на национална и етничка карта во Македонија. Таа игра и се исплатеше на левицата и на СДСМ, но беше погубна за десницата од Албанскиот политчки блок ДПА, кои од тогаш па наваму е во вечна оппозиција. Впрочем и на фамозниот 15 септември 2002 година, менторите не ги зедоа во коалиција своите ученици туку ги оставија да тонат.

Петнаесетти септември, целосна еуфорија кај народот, левицата е повторно на власт, левицата нуди цела „торба“ на ветувања во Македонија, секоја фамилија ќе има по еден вработен, секое дете ќе има пари за да јаде сендвич на училиште, бизнисите ќе цветаат, инвеститорите само што не го отвориле кесето да инвестираат...чекај малку. Да ветувањата ги остварија со длабоко кастрење на администрацијата, со затварање на фирмите, со продажба на највредните државни фирми за евтини пари, со нова река на невработени, инвеститорите некако се премислија и не инвестираа во Македонија....Да, да тоа се случи после враќањето на левицата на власт предводена од СДСМ. Одредени партиски моќници ја приватизираа левицата и сметаа дека имаат ексклузивно право на таа идеологија да ја стават во нивна служба и во нивни интерес за матни бизниси. А што да очекува нашиот народ, цело време напатен од празни ветувања. Пропагираната социјал демократска Жак Аталиева идеологија од македонската левица доведе до нејзино искривување, кое го започна и процесот на криза на идентитет во левицата.

Добро осмислен потег на левичарските идеолози од Бихаќка беше издвојувањето на Тито Петковски во засебен политички субјект, кој после почетниот успех во 2006 година, краткотрајната љубов од интерес со десницата и кратката екскурзија се врати во јатото каде што припаѓа со своите долгогодишни идеолопоклоници за договор од само неколку пратенички мандати. А ги имаше седум во 2006 година, добиени од народот.

Народот тоа го препозна, народот ги согледа често повторуваните лаги од левичарските идеолози и политиканти. Да од 2006 година, народот виде што е ветувањата да станат реалност, а таа реалност му ја даде десницата. Десницата знае да го препознае квалитетот кај народот, знае дека е изнамачен и изнапатен и доста му беше од празни ветувања, потребни му беа дела, дела и само дела за да може да живее.

Во периодот на остварување на ветувањата во дела на ВМРО ДПМНЕ , кризата во идентитетот на левицата се продлабочи, а социјал демокртатскиот претседател на Македонија можеше само немо да посматра како неговото „чедо“ СДСМ оди во пропаст, во неповрат, без него тоа пропаѓа... Па впрочем добро е тоа да се знае кој е кој газда во левицата кога ќе се вратам триумфално на чело на левицата и народот само мене ме чека, најверојатно така си размислуваше. Но не беше така. Народот го кажа своето повторно и повторно и повторно и незнам уште колку пати ќе го каже своето „НЕ“ за таква искрвена идеологија.

Како и да е народот не беше на иста бранова должина со левицата, тоа го покажа и во 2008 година, кога на предвремените парламентарни избори левицата беше скоро збришана од политичката сцена во нашата земја. Истото се случуваше и на сите избори подоцна. Тимот на левицата постојано губеше и губеше и ќе губи. Народот не ги заборави празните ветувања дадени од левицата. А како и да ги заборави кога ексклузивитет полагаат на таа идеологија само една рака луѓе кои две децении наизменично владеат со таа идеологија во Македонија. Некои сметаат дека се незменливи и дека после нив потоп...Да потоп за нивната идеологија, потоп за нивната социјал демократија со извртени вредности. Со таква идеологија, без никаква конкретна програма, без никаква економска идеја, без реално засновани предвидувања, без јасна визија не може да се освои ни претседателско место во средношколски клас, а не избори во држава.

Да десницата ја научи својата лекција од 2002 година и се реформира навреме со нови сили и со нови дечки одморена истрча на изборите во 2006 година и ги доби и покажа што знае, што тие млади луѓе научиле од повозрасните...А левицата...дваесет и три години излегуваат само со исти луѓе, само со исти лаги...нивните млади кадри не можеа да продрат до некое вработување или до некој „колач од нивните бизниси“ тие треба да бидат потлачени и покорно со наведната глава да ги слушаат своите ментори. Е не оди тоа така драги левичари, на народот доста му е од наведната глава, секој си бара место под сонцето, секој сака да живее нормално како човек. За спасот на идентитетот и идеологијата на СДСМ не успеа да помогне ни враќањето на чело на партијата на нејзиниот идеолог. После кратката еуфорија кај одредени партиски ветерани, народот повторно ко кажа своето на предвремените парламентарни избори во 2011 година. И пак обвинување дека „системски се крадат гласовите на народот“. Не можете за својот неуспех да ги обвинувате другите. Погледнете си во сопствениот двор и видете каде згрешивте. Ако вие заборавивте народот не заборава така лесно.

Не можеш за својот неуспех да го обвинуваш народот дека незнае за кого гласа и дека некој „системски му го кради неговиот глас“. Не никој не ви ги кради гласовите, народот не сака повеќе да гласа за извртена идеологија, за партија без свој идентитет. Не можете да го пропагирате Хегеловото себство за својата идеологија, вие треба да го избришете постојното себство, да го промените својот идентитет и повторно да се родите со нови идеи и нови лица. Но тоа ќе ви биде само пуста желба за која ќе немате сили да ја остварите после претстојниот пораз на 27 ми април на парламентарните и претседателските избори. Десната коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе оствари уште една убедлива победа над левицата предводена од СДСМ. Затоа длабоко запрашајте се дали вреди уште да се борите со кадри кои се веќе истрошени и добро прочитани од народот. Не господа од СДСМ не можете вие избори да добиете со самите вас и со ред други кои немам намера да ги набројувам тука. Тие треба пензии ли да добијат од народот како најдобри социјал демократи во Македонија...Не господа...доста му е на народот од сите вас. Тоа е шанса за другите ново формирани лево ориентирани партии како што е Социјал демократската унија. Иако оформена пред неколку години, Социјал демократската унија успеа да изгради свој сопствен политичко – идеолошки идентитет заснован на вистински вредности на Жак Аталиевата социјалдемократска идеологија и Хегеловото себство за припадност. Тоа го докажавме и на претходните изборни циклуси кога сами и мали успеавме да пропагираме демократија во Македонија. Да ние како мала партија и надеж за социјалдемократијата во нашата земја ја прифативме подадената рака од десницата предводена од ВМРО ДПМНЕ и се приклучивме кон победничката коалиција. Но ние не се бориме за пратенички мандати и државнички функции. Ние се бориме за социјалдемократскта идеологи за доброто на нашиот народ. Цениме дека преку коалиција со ВМРО ДПМНЕ ќе успееме да ја вратиме довербата кај народот во социјалдемократската идеологија. Затоа ги повикувам сите социјал демократи по душа да ни се приклучат и да не поддржат на претстојните парламентарни и претседателсдки избори и да гласаат за нова надеж во социјалдемократијата во Македонија олицетворена преку Социјалдемократската унија. Ние ќе ја возобновиме и воскреснеме вистинската социјал демократија со вистинските вредности во нашата земја.

Христос Воскресе... Вајстина Воскресе.

Венко Стомнароски-член на СДУ