Печати

2014-та година успешна за коалицијата „За подобра Македонија“

Успешна година – оценка на премиерот и лидер на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски по денешната средба на коалицијата „За подобра Македонија“. Економијата и надворешната политика и идната година остануваат приоритети...



Не ги решивме сите проблеми, но изминатата година одевме напред. Ова е генералната оценка на премиерот Никола Груевски за сработеното на коалицијата „За подобра Македонија“ за 2014-та година. На редовниот годишен состанок, заеднички процениле дека најголемите достигнувања биле во економијата.

„ Ја добивме една од најголемите победи до сега што сме ги имале како коалиција. Тоа е всушност победа со најголем број освоени гласови во нашата историја како коалиција, така што од тој аспект можам да кажам дека имаевме успешна година. Меѓутоа, исто така беше успешна година и во делот на економијата, година во која што е очигледно дека ќе завршиме како држава со втор највисок раст на економијата во Европа, веднаш после Велика Британија. Година во која што се намалува невработеноста и енормно расте извозот. Растат и девизните резерви со ставка од околу 22 отсто за една година“, изјави премиерот Никола Груевски.

Се зборувало и за активностите кои ќе бидат преземени од први јануари. Премиерот изрази надеж дека во следната година, Македонија ќе има пресврт на евроинтегративниот пат.

Состанокот на коалиционите партнери завршил со заклучок дека ќе се продолжи да се реализира она што им било ветено на граѓаните.

На состанокот на коалиционите партнери беше присутен и претседателелот на СДУ Чедо Николовски.

Контакт инфо

Ул. 30 Бр. 45 Радишани - Бутел
1000 Скопје
Македонија 

Тел: 078 / 370 - 201
Email :
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.