Печати

СДУ со Коалицијата „За подобра Македонија“ во Струмица

На ден 09.04.2014 година Раководството на СДУ ги посети Општинските Организации на СДУ во Струмица, Ново Село и Босилево а исто така присуствуваше на митингот организиран од страна на Коалицијата „За подобра Македонија“.

СДУ ја посети и општина Радовиш каде имаше средба со граѓани и каде ја промовираше Програмата на Коалицијата „За подобра Македонија“.

Пред струмичани и радовишани, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека истата е најобемна, содржи 2046 проекти во кои може да се пронајде секој граѓанин. Тој ги  повка присутните на вечерашниот митинг да не се колебаат и да одат на проверено, бидејќи како што рече, тие како партија докажале дека довербата ја ценат и дека дадениот збор мора да го исполнат.

Денеска 10.04.2014 караванот на СДУ заедно со Коалицијата„За подобра Македонија“ ќе присусувува на Митингот во Битола.