Печати

Прес - конференција на СДУ

Социјалдемократската Унија стана дел од Коалицијата „За подобра Македонија“.



-На Република Македонија, држава која има отворени прашања со соседите, акцентирајќи го наметнатиот спор од Грција кој е пречка за наша евро-атланска интеграција најмалку од се и е потребна политичка турбуленција и нестабилност. СДУ како сериозна политичка партија , излезот го гледа во окрупнување на сите слободномислечки граѓани, невладини здруженија, синдикати и политички партии околу, во овој момент единствениот стратешки интерес на Македонија е зачувување и одбрана на македонскиот идентитет. СДУ согледувајќи ја досегашната работа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ по овие стратешки прашања и цврста заштита на националните и државни интереси, не занемарувајќи ги и останатите позитивни резултати како раздвижувањето на економијата, земјоделството, здравството, социјалната политика, привлекување на странски инвеститори, отворање на работни места...донесе одлука да ја поддржи владејачката партија во намерата да освои стабилно мнозинство во парламентот се со цел за поефикасно справување со предизвиците кои и претстојат на Македонија, истакнаа денес од СДУ.

Трите столба на кои се темели работата на СДУ се составен дел од новата програма  со која ВМРО-ДПМНЕ ја бара довербата на претстојните избори. Тоа се Безбедност, Развој и Демократија.

Партијата истакна дека цврсто и безрезервно го поддржува кандидатот за претседател Ѓорѓе Иванов и го повика своето членство да гласа за него на претстојните претседателски избори.