Печати

СДУ дел од коалицијата за подобра Македонија

На митингот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ одржан на ден 05.04.2014 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје, официјално беше промовирано дека Социјалдемократската Унија стана дел од Коалицијата „За подобра Македонија“.



Мотивите и причините за кои СДУ одлучи да биде дел од овој тим се следни:

Во моменти кога геостратешките интереси на големите светски сили почнуваат да се реализираат и во реалноста, односно во моменти кога се прекројува картата на Европа, на Република Македонија држава која има отворени прашања со соседите акцентирајќи го наметнатиот проблем од Грција кој е пречка за наша Евро-Атланска интеграција, најмалку од се во овие историски моменти и е потребна политичка турбуленција и нестабилност.

СДУ како сериозна политичка партија, согледуваќи ја оваа ситуација и реалната опасност која и се заканува на Република Македонија од овие надворешни случувања а незанемаруваќи ги и внатрешните закани кои во комбинација со надворешните се огромна опасност по опстанокот на државата, излезот го гледа во окрупнување на сите слободномислечки граѓани, невладини здруженија, синдикати и политички партии околу, во овој момент единствениот стратешкиот интерес на Република Македонија а тоа е зачувување на територијалниот интегритет и суверинитет, мултиетничкиот и мултиконфесионалниот соживот како и одбрана на Македонскиот идентитет кој е сериозно нападнат.

СДУ согледуваќи ја досегашната работа на претседателот Ѓорге Иванов и Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ по овие стратешки прашања, не занемаруваќи ги и останатите позитивни резултати како раздвижувањето на економијата, земјоделието, здравството, социјалната политика, донесе одлука безрезервно да го поддржи кандидатот за претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов и владеачката партија во намера да освои стабилно мнозинство се со цел за поефикасно справување на предизвиците кои и престојат на Република Македонија.

Трите столба Безбедност - Развој - Демократија на нашата изборна платформа насловена како “Реформска СДУ” се застапени во Изборната програма на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе наши приоритети и проекти се составен дел на истата и СДУ како дел од коалицијата „За подобра Македонија“ во наредниот четиригодишен мандат на Владата на Република Македонија ќе ја има можноста за нивна реализација во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Воедно ги повикуваме сите слободноумни граѓани и организации да се обединат околу оваа цел и ја дадат подршката на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ која во моментов е единствената сериозна политичка сила.

Контакт инфо

Ул. 30 Бр. 45 Радишани - Бутел
1000 Скопје
Македонија 

Тел: 078 / 370 - 201
Email :
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.