Печати

Соопштение 21.03.2014

Социјалдемократската Унија jа известува јавноста, своите членови и симпатизери дека на ден 20.03.2014 година се одржa седница на Централниот одбор на Социјалдемократската Унија.

На седницата едногласно се донесе одлука за формирање на Централен изборен штаб (ЦИШ) за претседателските избори 2014 и предвремените парламентарни избори 2014.

За шеф на Централниот изборен штаб на СДУ се именува проф. д-р Ванчо Чабуковски - координатор за стратешки и политички прашања во СДУ.

За членови на Централниот изборен штаб се именуваа:
-    Организациски секретар на ЦИШ: Сашо Димитров – оперативен координатор на СДУ,
-    Сектор за аналитика: Зоран Арсов
-    Правен сектор: Маја Миловановиќ Михајловиќ – генерален секретар на СДУ
-    Сектор за логистика: Дејан Цветковски
-    Портпарол: Игор Николовски – член на Претседателството на СДУ

Централниот одбор на СДУ го овласти централниот изборен штаб на СДУ по потреба да врши дополнување на својот состав.

На истата седница се донeсоа и одлуки за формирање на седум регионални изборни штабови (шест во Р Македонија и еден во Северена и Јужна Америка) и 38 општински изборни штабови.

Со регионалните изборни штабови ќе раководат: Небојша Давидовски (ИЕ1), Александар Денковски (ИЕ2), Кире Костов (ИЕ3), Венко Стомнароски (ИЕ4), Димче Андрески (ИЕ5), Мирослав Андриески (ИЕ6) и Бобан Николовски (ИЕ8 – Северна и Јужна Америка).

Со општинските изборни штабови ќе раководат претседателите на општинските организации на СДУ.

Контакт инфо

Ул. 30 Бр. 45 Радишани - Бутел
1000 Скопје
Македонија 

Тел: 078 / 370 - 201
Email :
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.