Печати

Декларација



ДЕКЛАРАЦИЈА
за приоритетите на СДУ во идното политичко дејствување

СДУ смета дека највисок приоритет за Република Македонија е нејзината евро-атлантска интеграција. Тоа е прашање на општ консензус во државата, процес во кој е многу вложено од страна на граѓаните на РМ.

Неговата конечна реализација е највисок национален интерес бидејќи суштински ќе влијае врз демократскиот и економскиот развој на Република Македонија.

СДУ ја дели визијата за изградба на Република Македонија како функционална мултиетничка демократија. Добрите односи меѓу заедниците во РМ се основен услов за прогрес на македонското општество. Постојаното и системско унапредување на односите меѓу заедниците, толеранцијата и взаемната почит ги гледаме како единствен пат за градење на иднината на државата.

СДУ смета дека ерата на глобализацијата во која живееме влијае суштински на квалитетот на животот насекаде низ светот.  Високите технологии наметнаа сосема нови стандарди на прифаќање, прилагодување и промена како на процесите во човечкото општество уште повеќе на природата, од која целосно зависи опстанокот и иднината на цивилизацијата. Уништувањето на природата кое веќе со децении е во тек мора итно да се спречи преку градење на свеста за здравата околина и исто така преку употреба на високите технологии во процесите на одржување и унапредување на околината. Во таа насока, согледувајќи го отсуството на тн зелени политики во Македонија, СДУ во наредниот период посебно внимание ќе посвети на градењето на политиките на здравата околина.

СДУ верува во општество на социјална демократија и социјална правда. Како граѓанска партија од социјалдемократска провениенција убедени сме дека секој граѓанин на Република Македонија има право на достоинствен живот. Оттука остварувањето на оваа цел ќе биде наш постојан предизвик.

Социјалдемократска Унија

Контакт инфо

Ул. 30 Бр. 45 Радишани - Бутел
1000 Скопје
Македонија 

Тел: 078 / 370 - 201
Email :
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.