Одлука за настап на локалните избори
Политичката партија Социјалдемократска Унија ја информира јавноста дека на ден 05.07.2021 година на седница на Претседателство донесе Одлука за настап на локалните избори 2021 година со коалицијата предводена од Социјaлдемократски сојуз на Македонија со шеф на изборен штаб потпретседателот на Социјалдемократска Унија - Маја Миловановиќ Михајловиќ.
Политичката партија Социјалдемократска Унија е сродна политичка партија со Социајалдемократски сојуз на Македонија каде делиме исти програми, визии и идеи.
Во изминатите четири години со оваа коалиција се направи многу, спроведени и во тек се серија реформи во речиси сите области а во следните четири години ќе се направи уште повеќе.
Ова коалиција воведе системски реформи, спроведе вистинска и неселективна борба против криминалот, изврши департизација на државните институции, економски раст, создаде услови за отворање бизнис за младите и многу повеќе.
Проектите за општините низ цела Република Северна Македонија кои се започнати мора да продолжат но новите проекти ќе бидат уште подобри од претходните.
Оваа коалиција со европски вредности и стандарди е важна за граѓаните, особено на локално ниво каде се креираат локалните политики и истата ќе обезбеди подобра иднина на граѓаните, како и економски и социјален развој.
Во престојниот период очекуваме да се обединат сите политички партии кои ќе ги стават разликите на страна и со здружени сили да работат на заедничката реформска агенда. Вистинскиот пат по кој треба да се движиме и единствениот начин кој ни дава сила да продолжиме да градиме силни врски на заедништво и меѓусебно разбирање. Само така, обединети и сплотени ќе можеме да создаваме вредности и дела за сите идни генерации кои ќе го продолжат патот до уште посилен развој и просперитет на нашата држава.
Македонија нема време за заложништво на личните интереси на поедини политички партии, кои државата ја вовлекоа во длабока криза, поделби, неизвесност и несигурност.
Затоа веруваме во успех, затоа продолжуваме заедно за најдоброто за нашата општина.