Печати

Соопштение

Социјалдемократската Унија (СДУ) безрезервно го поддржува предлогот за една изборна единица со отворени пратенички  листи. Исто така, предлага и измена на изборниот закон во смисла на намалување на бројот на пратеници во Парламентот, како и намалување на платите на пратениците, на избраните и на именуваните функционери во сите дејности, со цел да се прекине и спречи понатамошната злоупотреба на народните пари.



Надоместоците за патни трошоци на пратениците и на функционерите во иднина да се засметуваат во месечните примања на истите како не би ги злоупотребувале своите позиции за богатење преку истите. Пратениците и функционерите можат да користат јавен градски, меѓуградски и регионален превоз како што тоа го прават нивните гласачи.

Социјалдемократската унија како и до сега, и понатаму ќе ги поддржува потребните заложби и чекори на државата кон НАТО и евроинтеграциите, но воедно и ќе се спротивстави на секаков политичко-партиски фактор за намерно кочење или доцнење на потребните реформи во сите општествени сегменти во Македонија.

Социјалдемократска Унија

Контакт инфо

Ул. 30 Бр. 45 Радишани - Бутел
1000 Скопје
Македонија 

Тел: 078 / 370 - 201
Email :
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.