Печати

СДУ со поддршка на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски

Политичката партија Социјалдемократска унија со гордост ја изразува својата безрезервна поддршка на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Тој е надпартиски консензуален кандидат поддржан од страна на Коалицијата предводена од СДСМ, Владината коалиција и неколку други партии.

Тој е човекот зад кој ќе застанат сите  Македонци, Албанци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и ќе се обединат за иднината на Република Северна Македонија.

Тој е човекот кој го обезбеди влезот во НАТО Алијансата што претставува историски момент за нашата држава зашто конечно повеќедецениската заложба и упорноста вродија со плод.  Со ова не само што се загарантирани безбедноста и стабилноста на земјата, туку се отворени вратите за перспектива и обезбедување подобра иднина за сите граѓани.

Тој е човекот со кој се претставува несомнено јасен сигнал и поддршка за европската перспектива на земјата благодарение на засилениот ангажман на ЕУ, заедно со нејзините меѓународни пријатели.



Во престојниот период очекуваме да се обединат сите политички партии кои ќе ги стават разликите на страна и со здружени сили да работат на заедничката реформска агенда. Вистинскиот пат по кој треба да се движиме и единствениот начин кој ни дава сила да продолжиме да градиме силни врски на заедништво и меѓусебно разбирање. Само така, обединети и сплотени ќе можеме да создаваме вредности и дела за сите идни генерации кои ќе го продолжат патот до уште посилен развој и просперитет на нашата држава.

Македонија нема време за заложништво на личните интереси на поедини политички  партии, кои државата ја вовлекоа во длабока криза, поделби, неизвесност и несигурност.

Денес со оваа кандидатура на Стево Пендароски, Република Северна Македонија повторно цврсто чекори на својот пат кон членство во НАТО и ЕУ.

Со почит,
Социјалдемократска унија

Контакт инфо

Ул. 30 Бр. 45 Радишани - Бутел
1000 Скопје
Македонија 

Тел: 078 / 370 - 201
Email :
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.