Печати

Соопштение 13.07.2018

Социјалдемократската Унија со гордост ја изразува својата безрезервна поддршка на активностите на Владата на Република Македонија за членство во НАТО и Европската Унија.

Влезот во НАТО Алијансата претставува историски момент за нашата држава зашто конечно повеќедецениската заложба и упорноста вродија со плод.  Со ова не само што се загарантирани безбедноста и стабилноста на земјата, туку се отворени вратите за перспектива и обезбедување подобра иднина за сите граѓани.

Започнувањето на преговорите со Европската Унија овозможуваат афирмација на македонскиот идентитет, а Република Македонија ќе стане дел од големото европско семејство. Овој чекор е само историска потврда за истрајноста и мудроста како главен адут на македонскиот народ.


Со почит,
Социјалдемократска унија