Печати

Соопштение

Политичката партија Социјалдемократска Унија ја известува македонската јавност дека членството на партијата донесе едногласна Одлука да се излезе од Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуката е иницирана од страна на општински организации на СДУ а истата е потврдена на претседателството на партијата.

Сакаме да ја искористиме оваа прилика и да им се заблагодариме за соработката на сите политички партии кои беа дел од Коалицијата за подобра Македонија.

Социјалдемократската Унија останува активна на македонската политичка сцена, и во иднина ќе продолжи да се залага за конструктивен политички дијалог во општеството и обновување на довербата на граѓаните, спроведување на реформи од кои ќе имаат корист сите граѓани на земјата и со кои ќе се унапредат евроатлантските аспирации, реформи кон засилување на демократијата во Република Македонија, градење на здрави меѓуетнички односи, политички дијалог помеѓу политичките чинители како и решавање на клучните прашања за Македонија кои што ни го попречуваат патот кон зачленување во НАТО и добивање на датум за започнување преговори за членство во Европската Унија.

Оваа Одлука доаѓа во многу значаен период за нашата земја, пресуден за подобрата заедничка идина на сите наши граѓани и затоа сме убедени дека ќе придонесеме кон постигнување консензус и конструктивност на сите политички партии во Македонија.

Во престојниот период очекуваме да се обединат сите политички партии кои ќе ги стават разликите на страна и со здружени сили да работат на заедничката реформска агенда. Вистинскиот пат по кој треба да се движиме и единствениот начин кој ни дава сила да продолжиме да градиме силни врски на заедништво и меѓусебно разбирање. Само така, обединети и сплотени ќе можеме да создаваме вредности и дела за сите идни генерации кои ќе го продолжат патот до уште посилен развој и просперитет на нашата држава.

Политичката партија Социјалдемократска Унија ја известува македонската јавност дека членството на партијата донесе едногласна Одлука да се излезе од Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката е иницирана од страна на општински организации на СДУ а истата е потврдена на претседателството на партијата.

Сакаме да ја искористиме оваа прилика и да им се заблагодариме за соработката на сите политички партии кои беа дел од Коалицијата за подобра Македонија.

Социјалдемократската Унија останува активна на македонската политичка сцена, и во иднина ќе продолжи да се залага за конструктивен политички дијалог во општеството и обновување на довербата на граѓаните, спроведување на реформи од кои ќе имаат корист сите граѓани на земјата и со кои ќе се унапредат евроатлантските аспирации, реформи кон засилување на демократијата во Република Македонија, градење на здрави меѓуетнички односи, политички дијалог помеѓу политичките чинители како и решавање на клучните прашања за Македонија кои што ни го попречуваат патот кон зачленување во НАТО и добивање на датум за започнување преговори за членство во Европската Унија.

Оваа Одлука доаѓа во многу значаен период за нашата земја, пресуден за подобрата заедничка идина на сите наши граѓани и затоа сме убедени дека ќе придонесеме кон постигнување консензус и конструктивност на сите политички партии во Македонија.

Во престојниот период очекуваме да се обединат сите политички партии кои ќе ги стават разликите на страна и со здружени сили да работат на заедничката реформска агенда. Вистинскиот пат по кој треба да се движиме и единствениот начин кој ни дава сила да продолжиме да градиме силни врски на заедништво и меѓусебно разбирање. Само така, обединети и сплотени ќе можеме да создаваме вредности и дела за сите идни генерации кои ќе го продолжат патот до уште посилен развој и просперитет на нашата држава.

Контакт инфо

Ул. 30 Бр. 45 Радишани - Бутел
1000 Скопје
Македонија 

Тел: 078 / 370 - 201
Email :
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.