Печати

СДУ не се согласува со одлуката за аболиција на сите обвинети политичари донесена од страна на Претседателот Иванов

Социјалдемократската Унија не се согласува со одлуката за аболиција на сите обвинети политичари за кои се води судски процес или постои постапка на подигнување на обвинителен акт, донесена од страна на Претседателот Иванов.

Сметаме дека истата е неправедна и со неа се нарушува договорот од Пржино за кој веќе подолго време во сите наши соопштенија се залагаме и истакнуваме да се почитува.

Воедно, потенцираме дека секој граѓанин на Република Македонија е еднаков пред законот и треба по судски пат да одговара за незаконски дејствија.

Социјалдемократската Унија очекува македонските граѓани базираjќи се на основните принципи на морал и етика, во престојниот период да реагираат воздржано но од друга страна храбро и мудро да не ја подржуваат оваа одлука, се со цел да се дојде до разрешница на кризата во која се наоѓа Република Македонија.

Скопје 13.04.2016 година

Со почит
Социјалдемократска Унија